← Jeremiah (20/52) → |
1. | Кога Пасхор, синот Емеров, свештеник и надзорник во домот Господен, чу дека Јеремија ги изговорил тие пророчки зборови, |
2. | тој го удри пророкот Јеремија и го затвори во затворот, што беше до горните порти Венијаминови при домот Господен. |
3. | Но утредента Пасхор го ослободи Јеремија од затворот и Јеремиј му рече: Господ те нарече не Пасхот, туку Магор Мисавив. |
4. | Оти вака рече Господ: еве, ке те направам ужас за тебе самиот и за сите твои пријатели, и ке паднат во бој од непријателите свои и очите твои ке го видат тоа. И сиот Јуда ке го предадам во рацете на вавилонскиот цар, кој ке го одведе во Вавилон и ке го убие со меч. |
5. | И ке го прададам сето богатство на тој град, сиот имот негов и сите негови драгоцености; и сите ризници на царевите јудејски ке ги дадам на неговите напријатели, што ке ги разграбаат, ке ги земаат и ке ги однесат во Вавилон. |
6. | И ти Пасхоре, и сите, што живеат во твојата кука, ке отидете во ропство; ке отидеш во Вавилон, таму ке умреш и таму ке бидеш погребан, та и сите твои пријатели, на кои ти лажно им пророкуваше. |
7. | Господи, ти ме вовлекуваше, и јас сум вовлечен; Ти си посилен од мене и ме победи, а јас секој ден станувам за потсмев, секојсе шегува со мене. |
8. | Затоа, што ке почнам да зборувам, зборувам за насилство, зборувам за разорување, бидејки словото Господово стана за мене поруга и секојдневен потсмев. |
9. | Па се сетив: нема веке да спомнувам за Него, ниту ке зборувам во Негово име; но во срцето како да имам распален оган, затворен во коските мои, и се измачував да го здржам - но не можев. |
10. | Бидејки слушав шепотење од мнозина, закана - од секаде: кажете, велеа тие, и ние ке го обвиниме. Сите, што живееја со мене во мир, сега ме демнат, нема ли некаде да погрешам: "можеби, велат, тој ке се улови, и ние ке го победиме и ке му се одмаздиме." |
11. | Но со мене е Господ како страшен јунак; затоа моите гонители ке се сопнат и нема да ме победат; многу, многу ке се засрамат, оти постапуваат неразумно; срамот ке биде вечен, нема никогаш да биде заборавен. |
12. | Господи на силите, Ти го испитуваш праведникот и ја гледаш утробата и срцето негово. Дозволи да ја видам одмаздата Твоја над нив, зашто Тебе Ти го доверив делото свое. |
13. | Пејте Му на Господа, фалете Го Господа, зашто Он ја спасува душата на бедниот од рацете на злодејците. |
14. | Проклет да е денот, во кој се родив; денот, во кој ме роди мојата мајка, нека не е благословен! |
15. | Проклет да е човекот кој ја пренесе веста до татака ми и му рече: "ти се роди син" и со тоа многу го зарадува. |
16. | И со тој човек да стане она, што стана со градовите, кои Господ ги разруши и не ги пожали; нека слуша тој пискот наутро и напладне - плач, |
17. | затоа што не ме уби уште во утробата, така што мајка ми да станеше мој гроб и утробата нејзина да останеше вечно бремена. |
18. | Зошто излегов од утробата, за да гледам маки и таги и денови мои да минувам во срам? |
← Jeremiah (20/52) → |