← Jeremiah (18/52) → |
1. | Слово Господово што дојде до Јеремија: |
2. | стани и слези во домот на грнчарот, и таму ке ти ги кажам зборовите Мои. |
3. | Слегов во домот на грнчарот, а тој ја вршеше својата работа на тркалото. |
4. | Садот, пак, што го правеше грнчарот од глина, се растури во рацете негови. Но тој одново направи од него друг сад, како што му падна на ум да направи. |
5. | И би слово Господово до мене: |
6. | доме Израилев, не можам ли да постапам со вас како овој грнчар, рече Господ. Ете, како што е глината во рацете на грнчарот, тоа сте и вие во рацете Мои, доме Израилев. |
7. | Понекогаш, велам Јас за некој народ и царство, дека ке го искоренам, ке го згазам и погубам; |
8. | но, ако тој народ, врз кого сум го изрекол тоа се поврати од лошите свои дела, Јас го одлагам злото, што сум намислил да го направам. |
9. | А понекогаш велам за некој народ и некое царство дека ке ги подигнам и ке ги зацврстам; |
10. | но, ако тој народ врши зло пред очите Мои и не го послуша гласот Мој, ке го одменам доброто, со кое сум намислил да го дарувам. |
11. | Па така, кажи им на лу ето Јудини и на жителите ерусалимски: вака вели Господ - еве, Јас ви подготвувам зло и смислувам нешто против вас; затоа повратете се секој од својот лош пат и исправете ги патиштата свои и постапките свои. |
12. | Но тие велат: "Не надевај се; ние ке си живееме како што сакаме и секој од нас ке постапува според упорството на своето лошо срце." |
13. | Затоа вака вели Господ: распрашајте се ме у народите, дали чул некој нешто слично? Многу гнасни дела изврши Израилевата девојка. |
14. | Ги напушта ли ливанскиот снег планинските карпи, и секнуваат ли по други места течните студени води? |
15. | А Мојот народ Ме остави; кади на суети, се спотакнува на своите патишта, ги остава старите патишта, за да оди по патеки, по непрооден пат, |
16. | за да ја направи земјата своја ужас, вечен срам, така што секој што ке минува преку неа да се чуди и да мавта со главата. |
17. | Како источен ветар ке ги распрснам пред непријателот; со грбот, а не со лицето свое ке се свртам кон нив во денот на нивната невоља. |
18. | А тие рекоа: "Дојдете да направиме заговор против Јеремија; оти нема да исчезне законот на свештеникот и советот на мудриот и зборот на пророкот, дојдете да го убиеме и да не обрнуваме внимание на неговите зборови." |
19. | Послушај ме, Господи, и чуј го гласот на моите противници. |
20. | Треба ли да се врака зло за добро, а тие ми копаат јама за душата моја. Сети се дека стојам пред лицето Твое, за да зборувам добро за нив, за да го одвратам од нив гневот Твој. |
21. | И така, предај ги синовите нивни на глад и направи да загинат од меч; жените нивни да немаат деца и да станат вдовици, мажите нивни да умираат, а младичите нивни да бидат убивани во бој. |
22. | Нека се слуша пискот од куките нивни, кога ненадејно ке испратиш војска; зашто тие копаат јама, за да ме фатат, и тајно поставија замка за нозете мое. |
23. | Но Ти, Господи, им ги знаеш сите нивни сплетки против Мене, за да ме убијат; не проштевај ги неправдите нивни, и не бриши го гревот нивни, пред лицето Свое; нека попа аат пред Тебе; дејствувај против нив, кога си гневен. |
← Jeremiah (18/52) → |