← Jeremiah (16/52) → |
1. | И би слово Господово до мене: |
2. | Немој да се жениш, ниту да имаш синови и керки на ова место. |
3. | Оти вака вели Господ за синовите и керките, што ке се родат во ова место, и за мајките нивни, што ке ги родат и за татковците нивни, што ке ги добијат во оваа земја: |
4. | од тешка смрт ке умрат тие и нема да бидат оплакани, ниту погребани; ке бидат како убре земно; со меч и со глад ке бидат истребени, и труповите нивни ке им бидат храна на птиците небески и на sверовите земни. |
5. | Оти така вели Господ: не влегувај во дом на оној, кој тагува и не оди да плачеш и да жалиш со него; оти Јас го одзедов од тој народ Својот мир, милоста и сожалувањето, вели Господ. |
6. | И ке умрат и големите и малите во таа земја; и нема да бидат погребани, ниту ке бидат оплакувани, ниту некој ке прави рез, а и нема да се стрижат за нив. |
7. | За оној што е во жалост нема да се прекршува леб за да биде утешен поради умрениот; и нема да му подадат чаша, поради смртта на неговиот татко и неговата мајка. |
8. | Не влегувај исто така и во кука за веселба, да седиш таму со нив, за да јадеш и да пиеш; |
9. | оти така вели Господ Саваот, Бог Израилев: еве, Јас ке го прекратам гласот на радоста и гласот на веселбата, глас на младоженецот и глас на невестата во тоа место пред вашите очи и во ваше време. |
10. | Кога ке им ги кажеш на лу ето сите овие зборови, и тие ке ти речат: "зошто Господ ја искажа врз нас сега оваа беда, и каква е нашата неправда и кој е нашиот грев, со што згрешивме пред нашиот Господ Бог?" - |
11. | тогаш речи им: поради тоа што вашите татковци Ме оставија, вели Господ, и тргнаа по други боогви, ним им служеа и им се поклонуваа, а Мене ме оставија, и законот Мој не го пазеа. |
12. | А вие постапувавте уште полошо од татковците ваши и секој од вас живее според упорството на своето лошо срце, за да не Ме слушате. |
13. | Поради тоа ке ве исфрлам од оваа земја во земја, која не ја познавете ни вие ниту татковците ваши, и таму ке им служите на други богови дење и ноке; оти Јас нема да покажам милост спрема вас. |
14. | Затоа, ете, идат дни, вели Господ, кога нема веке да се вели: "жив е Господ, Кој ги изведе синовите Израилеви од Египетската земја", |
15. | туку - "жив е Господ, Кој ги изведе Израилевите синови од северната земја и од сите земји, во кои беше ги прогонил." Оти ке ги вратам во земјата нивна, што им ја дадов на татковците нивни. |
16. | Ете, Јас ке пратам многу рибари, вели Господ, и ке ги ловат; а потоа ке пратам многу ловци, и тие ке ги гонат од сите планини и од секој рид и од камени процепи. |
17. | Зашто очите Мои се врз сите нивни патишта; тие не се сокриени од лицето Мое, и нивната неправда не е сокриене од очите Мои, |
18. | и ке им платам пред се за нивната неправда и за нивниот двоен грев, оти ја осквернија земјата Моја, со труповите на стрвината своја и со гнасотија го исполнија наследството Мое. |
19. | Господи, сило моја, крепост моја и прибежиште мое во тажен ден! При тебе ке дојдат народите од земните краишта и ке речат: само лага наследија нашите татковци, суета и она, од кое нема никаква полза. |
20. | Може ли човек да си направи богови, кои, всушност, не се богови? |
21. | Затоа, еве, Јас ке ги научам сега, ке им ја покажам Својата рака и силата Своја, па ке познаат, дека името Мое е Господ. |
← Jeremiah (16/52) → |