← Jeremiah (15/52) → |
1. | И ми рече Господ: да беа застанале пред лицето Мое дури Мојсеј и Самуил, душата моја пак немаше да се приклони кон тој народ; отерај ги од пред лицето Мое, нека си одат. |
2. | Ако, пак, те прашаат: "каде да одиме?" - кажи им: вака вели Господ - кој е за смрт, нека оди во смрт: и кој е за меч - под меч; кој е, пак, за глад - на глад; и кој е за ропство - во ропство. |
3. | И ке испратам врз нив четири вида смрт, вели Господа: меч за да ги убива, кучиња, за да ги раскинуваат, небески птици, и полски sверови, за да ги изедуваат и истребуваат. |
4. | И ке направам да се озлобат против нив сите земни царства заради Манасија, синот на Јудејскиот цар Езекија, за оној што го изврши тоа во Ерусалим. |
5. | Оти, кој ке ти пожали, Ерусалиме, кој ке ти изјави сочувство, и кој ке наврати до тебе, за да те праша добро ли ти е? |
6. | Ти Ме остави, вели Господ, отстапи; затоа, ке ја протегнам Својата рака врз тебе и ке те погубам; се уморив, за да покажувам милост. |
7. | Јас ке ги одвеам со вејачка пред портите на земјата, ке ги лишам од деца, ке го сотрам Мојот народ; но тие нема да се вратат од своите патишта. |
8. | Kе има кај нив вдовици многу повеке од морскиот песок; ке испратам врз нив, врз мајката на младичите, уништувач попладне, ненадејно ке ги опфати страв и ужас. |
9. | Kе изнемогне онаа што лежи, која родила седум, ке го предава духот; уште во текот на денот ке зајде сонцето нејзино; таа е смутена и посрамена. И другите од нив ке ги предадам на меч пред очите на нивните непријатели, вели Господ. |
10. | "Тешко мене, мејко моја, зошто ме роди човек, кој се расправа и се кара со целата земја! Никому не сум давал со лихва и мене никој не ми давал, а сите ме проколнуваат." |
11. | Годпод рече: крајот ке ти биде добар, и Јас ке го присилам непријателот твој да постапува со тебе добро во времето на бедата и за време на жалоста. |
12. | Може ли железото да скрши северно железо и бакар? |
13. | Твојот имот и твоите сокровишта ке ги предадам на разграбување, без цена, заради сите твои гревови, во сите твои предели. |
14. | И ке те одведам со непријателите твои во земја, што не ја познаваш; зошто оган се разгоре од Мојот гнев, ке гори над вас. |
15. | О Господи! Ти се знаеш; сети се за мене и посети ме, и одмазди се за мене на моите гонители; според Своето долготрпение не погубувај ме; Ти знаеш дека зариди Тебе поднесува поруга. |
16. | Ги најдов зборовите Твои и ги проголтав; Твоето слово ми беше за радост и веселба на срцето мое; оти името Твое е призивано врз мене, Господи Боже Саваот. |
17. | Не, на совет со подбивачи и не сум се веселел: под Твојата тешка рака врз мене седев сам, бидејки Ти ми беше исполнил со негодување. |
18. | Зошто е толку долготрајна болката моја, и раната моја е толку неизлечива, оти не се подавам ли на лекување? Зар Ти ке бидеш за мене како лажлив извор, како неверна вода. |
19. | Затоа, вака рече Господ: ако се обратиш, ке те поставам пак на нозе и ке стоиш пред лицето Мое; и, ако извлечеш скапа работа од ништо, ке бидеш како Мојата уста. Тие сами ке се свртуваат кон тебе, а ти нема да се обрнуваш кон нив. |
20. | И за тој народ ке те направам силен бакарен sид; тие ке војуваат против тебе, но нема да те победат, бидејки Јас сум со тебе, за да те спасувам и да те избавувам, вели Господ. |
21. | И ке те спасам од рацете на лошите и ке те избавам од рацете на насилниците. |
← Jeremiah (15/52) → |