← Jeremiah (13/52) → |
1. | Вака ми рече Господ: оди и купи си ленен појас и опаши се со него, но не клавај го во вода. |
2. | Јас си купив појас, како што рече Господ, и го препашав крстот свој. |
3. | И би слово Господово до мене по вторпат, и ми беше речено - |
4. | земи го појасот, што го купи, и кој ти е на крстот твој, па стани и оди до Ефрат и сокри го таму во некоја камена пукнатина. |
5. | Јас отидов и го сокрив при Ефрат, како што ми заповеда Господ. |
6. | А штом изминаа повеке дни, Господ ми рече - стани, оди при Ефрат и земи го оттаму појасот, за кој ти бев заповедал да го сокриеш таму. |
7. | И јас отидов до Ефрат, ископав и го зедов појасот од местото, каде што го бев сокрил, а тоа - појасот беше изгнил и станал веке неупотреблив. |
8. | И би слово Господово до мене: |
9. | вака вели Господ ке ја скршам гордоста на Јуда, и големата гордост на Ерусалим. |
10. | Тој лош народ, кој не сака да ги слуша зборовите Мои, живее според тврдокорното срце свое и оди по други богови, за да им служи и да им се клања, па ке биде како овој појас, кој не е годен за ништо. |
11. | Оти, како што појасот се прилепува до крстот на човекот, така и Јас го прилепив до Себе сиот Израилев и сиот Јудин дом, вели Господ, за да бидат Мој народ и Моја слава, похвала и украс, но тие не послушаа. |
12. | Затоа, кажи им го овој збор: вака вели Господ, Бог Израилев - секој мев за вино се полни со вино. Тие ке ти речат: зар ние не знаеме, дека секој мев за вино се полни со вино? |
13. | А ти кажи им: еве што вели Господ - Јас ке ги наситам со вино до опивање сите жители на таа земја, и царевите, кои седат на Давидовиот престол, свештениците и пророците и сите ерусалимски жители, |
14. | и ке ги судрам еден со друг, татковците со синовите заедно, вели Господ; нема да ги поштедам, нема да ги помилувам, нема да зажалам што ке ги истребам. |
15. | Слушајте и внимавајте; немојте да бидете горди, оти Господ зборува. |
16. | Подајте слава на Господа, вашиот Бог, додека Он се уште не испратил темнина и додека се уште нозете ваши не се спотакнуваат по темни гори; тогаш ке очекувате светлина, а Он ке ја претвори во смртна сенка и ке ја направи темнина. |
17. | Ако, пак, не го послушате тоа, душата моја ке ја оплакува вашата гордост во скришни места, ке плаче горко, и очите мои слози ке леат; бидејки стадото Господово ке биде во плен одведено. |
18. | Кажи ми на царот и на царицата: смирете се, седнете пониско, оти ке паднат од главите ваши венците на вашата слава. |
19. | Јужните градови се затворени, и нема кој да ги отвори; цел Јуда во ропство се одведува заедно со сиот плен. |
20. | Кренете ги очите и погледајте ги оние што идат од север: каде е стадото, што ти беше дадено, убавото стадо твое? |
21. | Што ке речеш, керко Сионова, кога ке те посети Он? Ти сама ги научи да господарат над тебе: нема ли да те стегнат болки како жена кога ра а? |
22. | Ако речеш во срцето свое: "зошто ме снајде ова?" - па, поради многуте твои беззаконија, ке се кренат твоите поли и твоите пети се соголија. |
23. | Може ли Етиопјанин да ја смени кожата своја и леопардот - дамките свои? Па така и вие, можете ли да правите добро, кога сте свикнати да вршите зло? |
24. | Затоа ке ги развеам како прав, ке ги разнесам со пустински ветар. |
25. | Ете го твојот жреб, делот што сум ти го одмерил, вели Господ, бидејки ти Ме заборави и се надеваше на лага. |
26. | Затоа, ке ти биде крената полата твоја врз лицето твое, за да се види срамотијата твоја. |
27. | Го видов твоето прељубодејство и твоите бесни похоти и гнасотии по височинките и по полињата; тешко тебе, Ерусалиме; зар нема да се очистиш? А до кога уште? |
← Jeremiah (13/52) → |