← Jeremiah (11/52) → |
1. | Слово Господово до Јеремија: |
2. | Чујте ги зборовите на овој завет и кажете им на лу ето од Јудеја и на ерусалимските жители; |
3. | и речи им: вака вели Господ, Бог Израилев - проклет да е оној човек што нема да ги послуша зборовите на овој завет, |
4. | што им ги заповедав Јас на таткоците ваши, кога ги изведов од Египетската земја, од железната печка, велејки: чујте го гласот Мој и правете што ке ви заповедам - па ке бидете Мој народ, и Јас ке бидам ваш Бог, |
5. | за да се исполни клетвата, со која им се заколнав на татковците ваши - да им дадам земја, каде што тече мед и млеко, како што е сега. Па одговорив и реков: амин, Господи! |
6. | И ми рече Господ: објави ги сите овие зборови по градовите на Јуда и по ерусалимските улици, и речи - слушајте ги зборовите на овој завет и исполнувајте ги. |
7. | Зашто Јас постојано им напомнував на татковците ваши од оној ден, кога ги изведов од Египетската земја, па се до денес; и им зборував од рано утро, велејки: слушајте го гласот Мој. |
8. | Но тие не слушаа и не го свртија увото свое, туку одеа секој според тврдокорноста на своето лошо срце; затоа испратив врз нив се што е речено во овој завет, кој им го заповедав да го исполнуваат, но тие не го исполнуваа. |
9. | И ми рече Господ: има бунт ме у лу ето на Јуда и жителите на Ерусалим; |
10. | тие се вратија кон беззаконијата на своите прадедовци, кои се откажаа да ги слушаат зборовите Мои, па тргнаа по ту и богови, за да им служат. Домот на Јуда и домот на Израилот го нарушија Мојот завет, што го бев склучил со татковците нивни. |
11. | Затоа вака вели Господ: еве, ке испратам врз нив зло, од кое не ке можат да се избават, и кога ке повикаат кон Мене, нема да ги чујам. |
12. | Тогаш градовите на Јуда и жителите на Ерусалим ке појдат и ке повикаат кон боговите, на кои им кадат; но тие нема да им помогнат во времето на нивното зло. |
13. | Оти, коку градови имаш, Јудо, толку имаш и богови, и колку улици има во Ерусалим, толку жртвеници подигнавте на она што е срамно, жртвеници за кадење на Ваала. |
14. | Но ти немој да молиш за тој народ и не упатувај за нив молитви и молби; оти нема да ги чујам, кога во злото свое ке повикаат кон Мене. |
15. | Што бара Мојата сакана во домот Мој, кога во него се извршуваат многу срамни работи? И жртвуваното месо нема да ти помогне, кога се радуваш, правејки зло. |
16. | Залена маслина те нарече Господ која се украсува со убави плодови. А сега, при шумот на големиот смут, Он заполи оган околу неа и гранките нејзини се скршија. |
17. | Господ Саваот, Кој те посади, пресуди за тебе зло поради злото на домот Израилев и на домот Јудин, што го направија со тоа што Ме разгневија со кадењето свое на Ваала. |
18. | Господ ми откри, и јас знам; ти ми ги покажа нивните дела. |
19. | Јас, пак, како кротко јагне, водено на клање, и не знаев дека тие смислуваат заговор против мене, велејки: "да му ставиме отровно дрво во неговото јадење, и да го истгнеме од земјата на живете, така што ни името негово веке да не се споменува." |
20. | Но Ти, Господе Саваоте, праведен Судијо, Кој ги испитуваш срцата и утробите, допушти да ја видам Твојата одмазда врз нив, бидејки Тебе ти го доверив своето дело! |
21. | Затоа така вели Господ, за лу ето од Анатот, кои сакаат да ја одземат душата твоја и кои велат: не пророкувај во името на Господа, за да не умреш од рацете наши; |
22. | поради тоа вака вели Господ Саваот: еве, Јас ке ги посетам; младичите нивни ке умрат од меч; синовите и керките нивни ке умрат од глад. |
23. | И нема ништо да остане од нив, зашто ке испратам зло врз Анатотите во годината, кога ке ги посетам. |
← Jeremiah (11/52) → |