← Jeremiah (10/52) → |
1. | Слушајте го словото, кое Господ ви го кажува, доме Израилев! |
2. | Вака вели Господ - не одете по патот на незнабошците и не плашете се од небесните знаци, од кои се бојат незнабошците. |
3. | Бидејки наредбите од народите се суетни: отсекуваат дрво во гората, го изделкуваат човечки раце, |
4. | го украсуваат со сребро и злато, го прицврстуваат со клинови и со чекан за да не се ниша. |
5. | Тие богови се како столб, измазнет на струг, и не говорат; нив ги носат, оти не можат да одат. Не плашете се од нив, оти тие не можат да направат зло, но и добро не можат да направат. |
6. | Нема сличен на Тебе, Господи! Ти си велик и името Твое е велико со Твојата мок. |
7. | Кој не ке се бои од Тебе, Царе над народите, зашто само Тебе Ти припа а тоа; бидејки ме у сите мудреци кај народите и во сите царства нема сличен на Тебе. |
8. | Сите тие до еден се неразумни глупави; дрвото е суетно учење. |
9. | Среброто ковано во листови се носи од Тарсис, златото од Уфаз, дело на мастор и на леар; облеклото нивно е до порфир и кадифе; сето тоа е дело на вешти лу е. |
10. | А Господ Бог е вистина; Он е жив Бог и вечен Цар. Од Неговиот гнев трепери земјата, и народите не можат да го издржат Неговото негодување. |
11. | Така речете им: боговите што не ги направиле небото и земјата ке исчезнат од земјата и од под небесата. |
12. | Он ја создаде земјата со силата Своја, ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата. |
13. | Од гласот Негов шумат водите небески, и Он ги крева облаците од краиштата земни, создава молскавици среде дожд и изведува ветар од живеалиштето Свое. |
14. | Секој човек станува безумен во своето знаење, се срамува секој леар со идолот свој, бидејки она што го излеал е лага, и во него нема дух. |
15. | Тоа е суета, дела на заблуда; во времето на посетата нивна тие ке исчезнат. |
16. | Делот на Јакова не е како нивниот; бидејки неговиот Бог е создател на се, а Израилот е жезал на неговото наследство; името Му е Господ Саваот. |
17. | Прибери си го имотот свој од земјата, ти која ке седиш во опсада. |
18. | Оти вака вели Господ: еве, овој пат ке ги исфрлам жителите од оваа земја и ке ги одведам во тесно место, за да ги фатат. |
19. | Тешко мене во маката моја; лута е раната моја, но јас си велам - "навистина тоа е моја болка и јас ке ја поднесувам; |
20. | шаторот ми е опустошен и сите мои врвци се скинати; децата мои бегаат од мене, и ги нема: нема веке кој да го распне шаторот мој и да ги постави завесите мои; |
21. | бидејки пастирите станаа безумни и не Го бараат Господа, па затоа и тие постапија неразумно, така што целото стадо им се распрсна." |
22. | Ете, се слуша глас и голема врева од северната страна за да ги направи градовите на Јудеја пустиња, живеалиште на шакали. |
23. | Знам, Господи, дека патот на човекот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои. |
24. | Казни ме Господи, но по правда, не во гневот Свој, за да не ме сотреш. |
25. | Излеј ја јароста Своја врз народите, кои не Те познаваат, и врз племињата, што не го призовуваат името Твое; оти тие го изедоа Јакова, го проголтаа и го истребија и живеалиштето му го опустошија. |
← Jeremiah (10/52) → |