← James (5/5) |
1. | Ајде сега, вие богатите, плачете и лелекајте за неволите што идат на вас. |
2. | Bашето богатство изгни и молците ја изедоа вашата облека. |
3. | Bашето злато и сребро 'рѓосаа, а нивната 'рѓа ќе биде сведоштво против вас и како оган ќе ги голтне вашите тела. Bашето богатство го натрупавте во последните денови. |
4. | Ете, заработката на работниците кои ги ожнаа вашите ниви, што вие им ја задржавте, и викотниците на жетварите дојдоа до ушите на Господ над Bојските. |
5. | На земјата живеевте раскошно и разуздано; ги згоивте своите срца како за ден на клање. |
6. | Го осудивте, го убивте праведникот, а тој не ви се противи. |
7. | И така, имајте трпение, браќа, до Господовото доаѓање! Ете, земјоделецот го чека скапоцениот род од земјата, чека трпеливо додека не ги добие раните и доцните дождови. |
8. | Чекајте трпеливо и вие, зацврстете ги своите срца, зашто близу е Господовото доаѓање. |
9. | Не роптајте, браќа, еден против друг, за да не бидете осудени; ете, Судијата стои пред врата. |
10. | Како пример за страдањата и долгата трпеливост земете ги, браќа, пророците кои зборуваа во Господовото име. |
11. | Ете, блажени ги нарекуваме оние кои истрајаа. Чувте за трпението на Јоб, и видовте како Господ го заврши тоа; зашто Господ е полн со милост и сочувство. |
12. | А пред сè, браќа мои, не заколнувајте се ни во небото, ни во земјата, ниту со некаква друга заклетва! Туку вашето "да", да биде "да", а вашето "не" - "не", за да не паднете под осуда. |
13. | Страда ли некој меѓу вас, нека се моли. Bесел ли е некој, нека пее псалми. |
14. | Боледува ли некој меѓу вас? Нека ги повика старешините на црквата, тие нека се помолат над него и нека го помазат со миро во името на Господа, |
15. | а молитвата со вера, ќе го исцели болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени. |
16. | И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила. |
17. | Илија беше човек ист како и ние, и искрено се помоли да нема дожд, и не падна дожд на земјата три години и шест месеци. |
18. | И пак се помоли, па небото истури дожд и земјата го даде својот плод. |
19. | Браќа мои, ако некој меѓу вас скршне од вистината и ако некој го врати, |
20. | нека знае дека оној кој ќе врати грешник од неговиот погрешен пат, ќе ја спаси неговата душа од смрт и ќе покрие многу гревови. |
← James (5/5) |