← James (4/5) → |
1. | Од каде се војните и од каде се караниците меѓу вас? Не доаѓаат ли од вашите похоти што војуваат во вашите органи? |
2. | Посакувате а немате, та затоа убивате. Завидливи сте и не можете да добиете; затоа се борите и војувате. Немате затоа што не барате. |
3. | Барате, но не добивате, зашто барате со лоши цели, за да го трошите на вашите похоти. |
4. | Прељубници, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство спрема Бог? И така, кој сака да му биде пријател на светот, Му станува непријател на Бог. |
5. | Или, мислите ли дека Писмото напразно вели: "до ревност копнее за духот кој Го всели во нас?" |
6. | Но Тој дава поголема благодат. Затоа вели: "Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат." |
7. | Затоа покорете Му се на Бог, а противставете му се на ѓаволот и тој ќе побегне од вас. |
8. | Приближете се кон Бог, и Тој ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, вие грешници, и очистете ги срцата, вие луѓето што се двоумите! |
9. | Бидете нажалени, тагувајте и плачете; вашата смеа нека се претвори во тага, а радоста во жалост! |
10. | Понизете се пред Господ, и Тој ќе ве возвиши! |
11. | Не зборувајте еден против друг, браќа; оној кој зборува против својот брат или го суди својот брат, зборува против законот и го суди законот. А ако го судиш законот, не си извршител на законот, туку негов судија. |
12. | Има само еден Законодавец и Судија, Оној Кој може да спаси и да погуби. А кој си ти што го осудуваш ближниот? |
13. | Чујте сега вие, кои велите: "Денес или утре ќе отидеме во тој и тој град и таму ќе останеме една година, ќе тргуваме и ќе спечалиме", |
14. | вие, кои не знаете што ќе биде утре. Bие сте пареа која се јавува за кратко и потоа исчезнува. |
15. | Наместо да велите: "Ако Господ даде, ќе живееме и ќе направиме ова или она", |
16. | вие се фалите со својата горделивост. Секоја таква фалба е зла. |
17. | И така, кој знае да прави добро, а не го прави, чини грев. |
← James (4/5) → |