← James (3/5) → |
1. | Не станувајте, браќа мои, мнозина од вас учители, бидејќи знаеме дека ќе бидеме построго осудени за тоа. |
2. | Зашто сите ние грешиме на разни начини. Ако некој не греши во зборувањето, тој е совршен човек, способен да го заузда и целото свое тело. |
3. | На коњите им ставаме узда во устата за да ни се покоруваат, па можеме да управуваме со целото нивно тело. |
4. | Ете, и корабите, иако се толку големи и ги гонат силни ветрови, со нив управува кормиларот со многу мало кормило, каде што ќе посака. |
5. | Така и јазикот е мал орган од телото, но се фали со големи работи. Ете како мал оган запалува голема шума! |
6. | И јазикот е оган, самиот свет на беззаконието; јазикот се наоѓа меѓу нашите органи како таков кој го осквернува целото тело и, потпален од пеколот, го запалува нашиот животен тек. |
7. | Зашто, секаков вид ѕверови и птици, лазачи и морски животни се скротува и бил скротуван од човечкиот род, |
8. | но никој не може да го скроти јазикот, тоа нескротливо зло, полно со смртоносен отров. |
9. | Со него Го благословуваме нашиот Господ и Татко, и со него ги проколнуваме луѓето кои се создадени според подобието Божјо. |
10. | Од иста уста излегуваат благослови и клетви. Браќа, тоа не смее да биде така. |
11. | Тече ли од извор со ист отвор слатка и горчлива вода? |
12. | Може ли, браќа мои, смоквата да роди маслинки, или лозата смокви? Ни солениот извор не може да даде слатка вода. |
13. | Кој е меѓу вас мудар и разумен? Со доброто поведение нека ги покаже своите дела во мудра кроткост. |
14. | Ако пак во своето срце имате горчлива завист и соперништво, не гордејте се со тоа и не извртувајте ја вистината! |
15. | Тоа не е мудрост која слегува озгора, туку е земна, душевна, демонска; |
16. | зашто каде што има завист и соперништво, таму владее безредие и секакво зло. |
17. | А мудроста која доаѓа озгора, пред сè е чиста, потоа мирољубива, блага, разумна, полна со милост и добри плодови, непоколеблива и нелицемерна. |
18. | А семето, чиј плод е праведност се сее во мир преку миротворците. |
← James (3/5) → |