← Isaiah (9/66) → |
1. | Поранешното време ја понизи земјата Завулонова и земјата Нефталимова; но подоцнежното - ке го возвеличи крајмоскиот пат, од онаа страна на Јордан, незнабожечка Галилеја. |
2. | Народот, кој оди во темнина, ке види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка ке болсне светлина. |
3. | Ти ке го умножиш народот, ке ја зголемиш радоста негова. Тој ке се весели пред Тебе, како што се веселат за време на жетва, како што се радуваат при делење на плен. |
4. | Зашто јаремот, кој му тежеше, и жезлото, што го поразуваше, и стапот на неговиот угнетувач - Ти ке ги скршиш, како во денот на Мадијама. |
5. | Оти секоја војничка обувка во време на војна и облека, извалкана од крв, ке бидат предадени на изгорување, за храна на огнот. |
6. | Зашто Младенец ни се роди - Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ке Го наречат: Советник, Чудесни, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот. |
7. | Неговата власт и мирот бескраен ке растат врз престолот на Давида и во царството негово, за да го утврди Он и да го зацврсти преку суд и прада отсеа па довека. Тоа ке го направи ревноста на Господа Саваота. |
8. | Господ му испрака слово на Јакова, тоа слегува врз Израилот, |
9. | за да знае сиот народ, Ефрем и жителите на Самарија, кои со гордост и надуено срце велат: |
10. | "Тулите паднаа, - ке градиме со делкани камења; смоквите се исечени, - ке ги замениме со кедри. |
11. | Kе се крене Господ против него и непријателите на Ресина, ке ги вооружи непријателите негови; |
12. | Сиријците од кај исток, Филистејците од кај запад; ке го голтнат Израилот со полна уста. При сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова ке биде протегната. |
13. | Но народот не се обрнува кон Оној, Кој го бие и не прибегнува кон Господа Саваот. |
14. | Господ ке му ја пресече на Израилот главата и опашката, палмата и трската во еден ден: |
15. | старецот и големецот - тоа е главата; а пророкот - лажниот учител е опашот. |
16. | Водачите на овој народ ке го доведат во заблуда, а водените од нив ке загинат. |
17. | Затоа Господ нема да се радува на момчињата негови, и нема да се смили над сираците негови и вдовиците негови; зашто сите тие се лицемери и злодејци, и устата на сите зборува нечесно. При сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова уште е протегната. |
18. | Зашто беззаконието како оган се разгорело, голтнува глог и трн и гори во горските гасталаци, се креваат столбови од дим. |
19. | Гневот на Господа Саваот ке ја изгори земјата, народот ке стане како храна за огнот, човек нема да го пожали братот свој. |
20. | Kе сечат надесно - и ке си останат гладни; ке јадат налево - и нема да се наситат; секој ке го јаде месото од својата мишка: |
21. | Манасија - Ефрема, и Ефрем - Манасија, обајцата заедно - Јуда. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, и раката Негова уште е протегната. |
← Isaiah (9/66) → |