← Isaiah (8/66) → |
1. | И ми рече Господ: "Земи си голем свиок и напиши на него со човечко писмо: брз на плен и итар на грабеж. |
2. | И си зедов верни сведоци: свештеникот Урија и Захарија, синот Варахиев, |
3. | и пристапив кон пророчицата, и таа зачна и роди син. И ми рече Господ: дај му име: брз на плен и итар на грабеж; шах - баз; |
4. | зашто, пред да се научи детето да изговара: тате, мамо, - богатството на Дамаск и пленот самариски ке бидат претставени пред асирскиот цар." |
5. | И продолжуваше да ми зборува Господ и рече: |
6. | "Зошто овај народ ги занемарува водите на Силоам, оти течат тивко, и се восхитува на Ресина, и од синот Ремалиев, |
7. | Господ ке го испрати врз него бурните и големи води на реката - асирскиот цар со сета негова слава; |
8. | и ке навлезе во Јудеја, ке ја наводни и високо ке се крене - ке стигне до вратот; и раширените крила нејзини ке бидат по целата ширина на Твојата земја, Емануиле!" |
9. | Здружувајте се, народи, но ке бидете уништени, и внимавајте вие сите што сте далечни земји! вооружувајте се, но ке бидете победени; вооружувајте се, но ке бидете уништени! |
10. | Кројте заговори, но тие ке се рушат, говорете збор, но тој нема да си исполни, зашто со нас е Бог! |
11. | Зашто вака ми велеше Господ, држејки ја врз мене цврстата рака и опменувајки ме да не одам по патот на тој народ, велејки: |
12. | "Не нарекувајте го заговор сето она што тој народ го нарекува заговор; и не плашете се од она, од кое тој се плаши, не стравувајте. |
13. | Господа Саваота - Него свето почитувајте Го, и Он да биде ваш страв и ваш трепет! |
14. | Он ке биде осветување и камен за сопнување и карпа за соблазна на двата дома Израилеви, стапица и мрежа за жителите ерусалимски. |
15. | И мнозина од нив ке се сопнат и ке паднат, ке се разбијат, ке се заплеткаат во стапицата и ке бидат уловени." |
16. | "Врзи го свидетелството и запечати го откровението пред своите ученици." |
17. | И така, јас се надевам на Господа, Кој го сокрил лицето Свое од домот Јаковов, на Него се надевам. |
18. | Ете, јас и децата што ми ги даде Господ, сме како белези и докази во Израилот од Господа Саваот, Кој живее на гората Сион. |
19. | И кога ке ви речат: "Обрнете се кон оние, што извикуваат мртовци, и кон ма есници, кон бајачи и оние што говорат од стомак, тогаш одговарајте: не треба ли народот да се обрнува кон својот Бог? Се прашуваат ли мртви за живи? |
20. | Допрашајте се до законот и откровението! Ако неко речат дека не е така, тогаш за нив нема светлина. |
21. | Kе скитаат тие по земјата, жестоко угнетувани и гладни; и во време на гладта ке се лутат, ке го навредуваат својот цар и својот Бог. |
22. | И ке се загледаат угоре, и ке погледаат кон земјата; и ете - скрб и мрак, густа темнина; и ке бидат фрлени во темнината. Но нема секогаш да има мрак таму, каде што сега тој е згустен. |
← Isaiah (8/66) → |