← Isaiah (7/66) → |
1. | Во дните на Ахаза - синот на Јоатама, син Озиев, цар јудејски, - Ресина, царот сириски, и Факеј, синот ремалиев, цар израилски, отидоа проти Ерусалим да го завладеат, но не можеа да го преземат. |
2. | Тогаш му беше соопштено на домот Давидов и речено: "Сиријци се сместија во земјата Ефремова. И му затрепери срцето на Ахаза и срцето на народот негов, како што од ветар се нишаат дрвјата." |
3. | И му рече Господ на Исаија: "Излези и ти и син ти Сеарјасув да го пречекаш Ахаза на крајот од горното езеро по патот кај нивата на валавичарот, |
4. | и кажи му: внимавај и биди спокоен; не бој се, и да не се плаши срцето твое пред двата краја на тие гламји што чадат, од изгорениот гнев на Ресина, на Сиријците и на синот Ремалиев." |
5. | Сирија, Ефрем и синот Ремалив кројат против себеси зло, велејки: |
6. | ‘да одиме против Јудеја и да ја исплашиме, да ја завладееме и да го поставиме за цар Тавеиловиот син.‘ |
7. | Но Господ Бог вели вака: "Тоа нема да стане и нема да се изврши, |
8. | зашто главата на Сирија е Дамаск, а главата на Дамаск - Ресин; по шеесет и пет години Ефрем ке престане да биде народ; |
9. | глава на Ерфема е Самарија, а глава на Самарија - синот Ремалиев. Ако не верувате, нема да се додржите." |
10. | И продолжува Господ да му говори на Ахаза и му рече: |
11. | "Барај за себе знак од Господа, твојот Бог: барај или во длабочините или во височините." |
12. | И рече Ахаз: "Нема да барам и нема да го искушувам Господа." |
13. | Тогаш Исаија рече: "Слушајте, пак, доме Давидов! Зар ви е малку тоа што им дотежнувате на лу ето, па сакате да Му дотежнувате и на мојот Бог?" |
14. | Затоа Самиот Господ ке ви даде доказ: ете, Девица ке зачне и ке роди Син, и ке Му дадат името Емануел. |
15. | Тој ке се храни со млеко и мед, додека да се научи да го отфрла лошото и да го избира доброто. |
16. | Зашто, пред доенчето да се научи да го отфрла лошото и да го избира доброто, оваа земја, од која ти се плашиш, ке биде оставена од двајцата цареви. |
17. | Но Господ ке испрати врз тебе и врз народот твој и врз домот на татка ти, какви што не доа але, откако Ефрем се оддели од Јуда - ке го испрати асирскиот цар. |
18. | И ете, во тој ден Господ ке свирне не мувите, кои се кај устието на египетската река, и на пчелата, која е во асирската земја, - |
19. | и ке долетаат и ке заседнат сите тие по запустените долини и по камените пештери и по сите трништа и по сите дрвја. |
20. | Во тој ден Господ ке го избричи со брич земен од оваа страна на реката - преку асирскиот цар, главата и влакната на нозете, ке ја симне дури и брадата. |
21. | И во тој ден, кој храни крава и две овци, |
22. | поради изобилството на млеко, што тие ке го дадат, ке јаде масло; со масло и мед ке се хранат сите, што останале на земја. |
23. | во тој ден на секое место, каде што растеле иљада лози за иљада сребреници, ке има глог и трниште. |
24. | Таму ке се оди со лакови и стрели, бидејки целата земја ке е во глогови и трњаци. |
25. | И на ниедна од горите, што биле расчистувени со трнокоп, нема да одиш, поради страв од глог и од трња; таму ке истеруваат говеда и ситен добиток ке гази |
← Isaiah (7/66) → |