← Isaiah (64/66) → |
1. | О, да беше ги раскинал Ти небесата и да беше слегол! Горите би се стопиле од лицето Твое, |
2. | како оган што растопува восок, како од оган што вода зовира, така ке го познаат името Твое напријателите и од Твоето лице ке затреперат народите. |
3. | Кога вршеше страшни дела, од нас неочекувани, и слегуваше, - гори се топеа од Твоето лице. |
4. | Зашто од секогаш не бевме слушале, не бевме внимавале со увото, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, којшто направил толку многу за оние, кои не Него се надеваат. |
5. | Ти милостиво го пресретнуваше секого, кој се радуваше и кој вршеше правда, кој Те спомнуваше на Твоите патишта. Но, ете, Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме; па како тогаш ке бидеме спасени? |
6. | Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда - како извалкана облека; сите попа авме како лист; а беззаконијата наши како ветар не однесуваат. |
7. | Нема никој кој би го повикувал Твоето име, кој би установил да се држат здраво за Тебе: затоа Ти го сокри лицето Свое од нас и не остави да гинеме од беззаконијата свои. |
8. | Но сега, Господи, Ти си наш Отец; ние сме глина, а Ти - наш грнчар, сите сме дело на Твоите раце. |
9. | Немој да се гневиш безмерно, Господи, и немој вечно да го помниш беззаконието. Но, погледај: сите сме Твој народ. |
10. | Градовите на Твојата светиња станаа пустелија; пустиња стана Сион; Ерусалим е опустошен. |
11. | Домот на нашата светиња и на нашата слава, каде што татковците наши Те прославуваа, од оган изгоре, а сите наши добра така пропаднаа. |
12. | По сево ова, ке се воздржуваш ли уште, Господи, ке молчиш ли и ке не назнуваш ли без мерка? |
← Isaiah (64/66) → |