← Isaiah (62/66) → |
1. | Нема да замолчам заради Сион, ниту ке се успокојам заради Ерусалим, додека правдата негова не изгрее како светлина, и спасението негово - како запалена светилка. |
2. | И народите ке ја видат твојата правда, и сите цареви - твојата слава; и ке ги наречат со ново име, кои устата Господова ке го изрече. |
3. | И ке бидеш венец на слава во раката Господова и царска круна - врз дланката на твојот Бог. |
4. | Нема веке да те нарекуваат "изоставен", ниту земјата твоја повеке ке ја именуваат "пустиња", туку ке те нарекуваат "Мое благоволение кон него", а земјата твоја - "омажена", зашто Господ благоволил кон тебе, и земјата твоја цела ке биде населена. |
5. | Како што момче се жени со мома, така и синовите твои ке се соединат со тебе; и како што младоженецот се радува на невестата, така ке ти се радува тебе твојот Бог. |
6. | На sидовите твои Ерусалиме, поставив стража, која нема да мокне ни дење, ни ноке. О, вие што го спомнувате Господа, не замолкнувајте! |
7. | не замолчувајте пред Него, додека Он не го обнови Ерусалим и додека не ја издигне славата негова на земјата. |
8. | Господ се заколна во десницата Своја и во силната мишка Своја: нема повеке да го дава твоето жито за храна на непријателите твои; и синови на ту инци нема да го пијат виното твое, за кое си се трудел; |
9. | но собирачете негови ке го јадат и ке го слават Господа, и берачите на грозјето ке го пијат виното негово во дворовите на Моето светилиште. |
10. | Минувајте, минувајте низ портите, приготвувајте пат за народот! Рамнете, рамнете го патот, собирајте ги камењата, кренете знаме за народите! |
11. | Ете, Господ објавува до крајот на земјата: кажете и на керката Сионова: твојот Спасител иде; наградата Негова е со Него, а отплатата Негова - пред Него. |
12. | И ке ги наречат свет народ, откупен од Господа, а тебе ке те наречат "баран", град неизоставен. |
← Isaiah (62/66) → |