← Isaiah (60/66) → |
1. | Дигни се, светлеј се Ерусалиме, зашто дојде твојата светлина, и славата Господова изгреа над тебе. |
2. | Зашто, ете, темнина ке ја покрие земјата, и мрак - народите; а над тебе ке засветли Господ, и славата Негова ке се јави над тебе. |
3. | И народите ке дојдат кон твоето видело, царевите - кон светлината што изгрева над тебе. |
4. | Крени ги очите и погледај наоколу: сите тие се собираат, идат при тебе; твоите синови ке дојдат од далеку, и твоите керки на раце ке се носат. |
5. | Тогаш ке видиш и ке се зарадуваш, и срцето твое ке затрепери и ке се рашири, зашто богатството на морето ке се сврти кон тебе, имотот на народите ке дојде при тебе. |
6. | Множество камили ке те покријат, едногрби камили од Мадаим и Ефа; сите тие ке дојдат од Сава, ке донесат злато и темјан и ке ја објавуваат славата Господова. |
7. | Сите кидарски стада ке бидат собрани при тебе; овните навајотски ке ти послужат: ке излезат на жртвеникот Мој како благоугодна жртва, а Јас ке го прославам домот на Мојата слава. |
8. | Кои се тие што летаа како облаци, и како гулаби - кон гулабарниците свои? |
9. | Така, Мене Ме чекаат островите и пред нив - тарсиските кораби, за да ги пренесат синовите твои оддалеку и со нив - сребро нивно и злато нивно, во името на Господа, твојот Бог, и на Светецот Израилев, зашто Он те прослави. |
10. | Тогаш синовите на другоземци ке ги градат sидовите твои, и нивните цареви - ке ти служат; зашто во гневот Свој те поразував, но во благоволението Свое ке бидам милостив кон тебе. |
11. | Твоите порти секогаш ке бидат отворени, нема да се затвораат ни дење, ни ноке, за да се принесува при тебе имотот на народите и да се доведуваат нивните цареви. |
12. | Зашто народот и царствата, кои нема да сакаат да ти служат, ке загинат, и а таквите народи сосема ке бидат истребени. |
13. | Славата на Ливан ке дојде при тебе со кипарис, бор и кедар заедно, за да го украси местото на Моето светилише, - а Јас ке го прославам подножјето на нозете Свои. |
14. | И ке дојдат при тебе со покорност синовите на оние, што те измачуваа, ке ти се клањаат пред нозете твои сите што те презираа; ке те наречат град на Господа, Сион на Светецот Израилев. |
15. | Затоа што беше изоставен и намразен, така што никој не минуваше преку тебе, - Јас ке те направам вечна слава, и радост од род во род. |
16. | Ти ке се наситуваш од млекото на народите, и ке смукаш од царски гради, и ке познаеш дека Јас, Господ, сум твој Спасител и твој Искупител, Силниот Јаковов. |
17. | Место бакар ке ти испракам злато, место железо - сребро, и место дрво - бакар, а место камења - железо; и ке го поставам мирот за твој управител и правдата - за твои надзорници. |
18. | Нема повеке да се слуша за насилство во земјата твоја, ниту опустошување и разурнување - во пределите твои; и sидовите свои ке ги нарекуваш спасение и портите свои - слава. |
19. | Нема повеке сонцето да ти биде видело на денот, ниту сјајот на месечината ке ти свети; Господ ке ти биде вечна светлина, и твојот Бог - твоја слава. |
20. | Нема да зао а веке твоето сонце, ниту твојата месечина ке се потемнува, зашто Господ ке ти беде вечна светлина; ке се свршат дните на твоето тагување. |
21. | И сиот народ твој ке биде праведен, засекогаш ке ја наследи земјата, - фиданка од она што сум го посадил, дела на рацете Мои, за Мое прославување. |
22. | Од мал народ ке се намножат иљади, од најслабиот - силен народ. Јас, Господ, ке побрзам да го завршам тоа навреме. |
← Isaiah (60/66) → |