← Isaiah (6/66) → |
1. | Во годината кога умре цар Озија, јас го видов Господа, седнат на престолот висок и издигнат, а полите на одеждата Негова го исполнија целиот храм. |
2. | Околу Него стоеја серафими; секој од нив имаше по шест криља: со две секој го криеше лицето свое, со две други ги криеше нозете свои, а со две леташе. |
3. | И викаа еден кон друг и велеа: "Свет, свет, свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава!" |
4. | И се разниша, горништето на вратите од гласот на оние што викаа, а домот се исполни со дим. |
5. | И реков: "Тешко ми мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, - а очите мои Го видоа Царот Господа Саваот!" |
6. | Тогаш долета до мене еден од серафимите со разгорен јаглен во раката што го беше зел со клешти од жртвеникот, |
7. | се допре до устата моја и ми рече: "Ете, тоа се допре до устата твоја - и твоето беззаконие се оттргна од тебе, гревот твој се очити." |
8. | И го чув гласот на Господа, Кој рече: "Кого да испратам у кој ке отиде заради нас?" А јас реков: "Еве ме мене, испрати ме мене!" |
9. | Тогаш Он рече: "Оди и кажи му на тој народ: ‘со ушите ке чуете и нема да разберете, и со очи ке гледате - и нема да видите.‘ |
10. | Зашто срцето на тој народ е закоравено, и со ушите тешко слушаат и ги затвориле очите свои за да не гледаат со очи, со уши да чујат и со срце да разберат, та да се обрнат да ги излекувам." |
11. | И реков: "До кога, Господи?" Он рече: "Додека запустат градовите и останат без жители, и куките без лу е, земјата сосема не се запусти, |
12. | додека Господ не ги оддалечи лу ето и голема пустош во таа земја да има. |
13. | И ако остане уште десеттиот дел на неа и се врати, таа пак ке биде разорена; но како од брест и даб, кога се и отсечени, останува коренот нивни, така светото семе ке биде нејзин корен." |
← Isaiah (6/66) → |