← Isaiah (57/66) → |
1. | Праведниот умира и никој не се загрижува; и благочестиви мажи се грабат за земјата, и никој не помислува дека праведникот од зло се оттргнува. |
2. | Тој оди во мир; оние што одат по правиот пат, ке почиваат на леглата свои. |
3. | Но приближете се вие тука, синови на ма епсница, семе на прељубодеец и блудница! |
4. | Со кого се подбивате? Против кого отворате уста и го покажувете јазикот? Не сте ли деца на престап, семе на лагата, |
5. | кои сте запалени од похотта кон идоли под секое гранчесто дрво, кои колете деца покрај потоци, ме у пукнатини на карпи? |
6. | Во мазните камења на потоците е твојот дел; тие, тие се твој жреб, ним им правиш ти прелив и им принесуваш жртва: можам ли Јас да бидам од тоа задоволен? |
7. | На висока и голема планина го поставуваш леглото свое, и таму е качуваш да принесуваш жртва. |
8. | Зад вратата и зад довратниците ги ставаш твоите спомени; зашто, кога ке се одвратиш од Мене, ти се разголуваш и се качуваш; го прошируваш леглото свое и се договараш со оние од нив, со кои сакаш да лежиш и го погледнуваш местото. |
9. | Ти си одела и кај царот со миризливо масло и си ги умножувала твоите мириси, и далеку си ги испракала своите гласници и си се понижувала до пеколот. |
10. | Од долгиот пат ти си се заморувала, но не рече: "Надежта е изгубена!" Се уште си нао аш живот во раката своја, и затоа не почувствува слабост. |
11. | А од кого се уплаши и застраши, па стана неверна и престана да Ме помниш и да пазиш во срцето свое? Не е ли затоа што Јас молчев, што молчев долго, та ти престана да се плашиш од Мене? |
12. | Kе ја објавам твојата правда и твоите дела, и тие нема да бидат во твоја полза. |
13. | Кога ке повикаш, ке те спаси ли она што си го собрала? - Сето тоа ветрот ке го однесе, ке го развее; а кој се надева на Мене, ке ја наследи земјата и ке ја владее Мојата света гора. |
14. | Kе се рече: "Срамнете, рамнете, израмнете го патот, кревајте ги пречките од патот на Мојот народ." |
15. | Зашто вака вели Високиот и Возвишениот, вечно Живиот Светец и Неговото име: "Јас живеам на небесната височина и во светилиштето, но сум со оние што имаат скрушено срце и смирен дух, за да го оживувам духот на смирените и да ги ожувувам срцата на скрушените. |
16. | Зашто нема вечно да се заканувам, ниту докрај да се гневам; инаку ке паден пред Мене секој дух и секој здив што сум го создал. |
17. | Заради беззаконието на неговата лакомост Јас се разгневив и го поразив, се сокрив и негодував; но тој откако се одврати, отиде по патот на срцето свое. |
18. | Ги видов патиштата негови, но ке го излекувам, ке го водам и ке го утешувам, него и оние што го жалат. |
19. | Јас ке го исполнам словото: мир, мир на далечен и на ближен, вели Господ, и ке го излекувам. |
20. | А нечесните се како разбрането море, кое не може да се смри, и чии води исфрлаат тиња и кал. |
21. | Мир нема за нечестивите, вели Господ Бог. |
← Isaiah (57/66) → |