← Isaiah (54/66) → |
1. | Развесели се, ти неплодна, што не ра аш; воскликни и извикај ти, кој не си почувствувала родилни маки; зашто напуштената има многу повеке деца од онаа, кој има маж, вели Господ. |
2. | Рашири го местото на шаторот свој; покривите твои на живелиштето твое прошири ги продолжи ги јажињата свои и зацврсти ги колците свои; |
3. | зашто ти ке се рашириш десно и лево, и потомството твое ке завладее народи и ке ги насели опустошените градови. |
4. | Не плаши се, зашто нема да бидеш посрамена; не се возбудувај, оти нема да биде исмеана: ке го заборавиш посрамувањето на младоста своја и нема повеке да си помниш за бесчесноста на вдовството твое. |
5. | Зашто твојот Творец е твојот сопруг; Господ Саваот е името Негово, твој искупител е Светецот Израилев: Он ке се нарече Бог на целата земја. |
6. | Зашто Господ те вика како жена, напуштена и жална со духот, како жена од младини, кој била отфрлена, вели твојот Бог. |
7. | За малку време те оставив, но со голема милост ке те приберам. |
8. | Во пламенот на гневот го сокрив од тебе лицето Свое за кратко време, но со вечна милост ке те помилувам, вели твојот Искупител Господ. |
9. | Оти тоа за Мене е како потоп на Ное: како што се заколнав, дека потоп нема повеке да дојде на земјата, така се заколнав дека нема да ти се лутам, ниту да те прекорувам. |
10. | Планини ке се поместат, и ридови ке се разнишаат, но Мојата милост нема да отстапи од тебе и заветот на Мојот мир нема да се разниша, вели Господ, Кој те милува. |
11. | О, неволна, потфрлена од виорот, неутешна! Ете, Јас ке ги положам твоите камења врз рубин и ке ги направам твоите основи од сапфири; |
12. | и ке ги направам твоите прозорци од рубини и твоите порти - од бисер, а целата ограда твоја - од скапоцени камења. |
13. | И сите твои синови ке бидат научени од Господа, и голем мир ке има ме у синовите твои. |
14. | Ти ке се утврдиш со правда, ке бидеш далеку од насилствата, бидејки ке нема од што да се плашиш, далеку ке биде од тебе и ужасот, зашто тој нема да се приближи до тебе. |
15. | Ете, ке се вооружат против тебе, но тоа не е од Мене; кој и да се вооружи против тебе, ке падне. |
16. | Ете, Јас создадов ковач, кој го раздувува јагленот во огнот и ке произведува сечила за својата работа, - и Јас сум создател и губител, Кој истребува. |
17. | Ниедно оружје, направено против тебе, нема да има успех; и секој јазик, кој би се подигнал против тебе на суд, - ти ке го обвиниш. Тоа е наследство на слугите Господови, нивно оправдание од Мене, вели Господ. |
← Isaiah (54/66) → |