← Isaiah (53/66) → |
1. | Господи, Кој поверува на тоа, што го чул од нас и кому му се откри силата Господова? |
2. | Зашто изникна Он пред него како младо дрвце и како стебленце од сува земја; нема во Него ни изглед, ниту величие; ние Го видовме, и во Него немаше изглед, што ке не привлекува кон Него. |
3. | Он беше презрен и понизен ме у лу ето, маж на болки и свикнат на страдања, и ние го одвракавме од Него лицето свое; Он беше презиран, и ние за ништо не Го сметавме. |
4. | Но Он ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости; а ние мислевме, дека Он беше поразуван, казнуван и понизуван од Бога. |
5. | А Он беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите ради ние се излекувавме. |
6. | Сите ние бевме заблудени како овци, се отстрани секој од патот свој, - и Господ ги возложи врз Него гревовите на сите нас. |
7. | Он беше измачуван, но стадаше доброволно и устата Своја не ја отвораше; како овца Он беше одведен на колење, и како што е јагнето пред стрижачите свои безгласно, така и Он не ја отвори устата Своја. |
8. | Он беше лишен од праведен суд. Но родот Негов Кој ке го објасни? Зашто беше одземен од земјата на живите; заради беззаконијата на Мојот народ беше осуден на смрт. |
9. | Му определија гроб со злодејци, но Он беше погребан кај богатиот, зашто не беше направил грев и во устата негова немаше лага. |
10. | Но на Господа му беше угодно да Го понизи, и Го предаде на мачење; а кога душата Негова Му принесе милоствна жртва, Он ке види долговечно потомство, и вољата Господова ке напредува преку Неговата рака. |
11. | Kе се зарадува поради трудот на душата Своја ке види светлина. Праведниот Слуга Мој ке ги оправда мнозина и гревовите нивни врз Себе ке ги понесе. |
12. | Затоа Јас ке Му дадам големо наследство, со силните плен ке дели, зашто душата Своја на смрт ја предаде, и ме у злодејците беше вброен и ги понесе врз Себе гревовите на мнозина и за престапниците стана посредник. |
← Isaiah (53/66) → |