← Isaiah (52/66) → |
1. | Дигни се, дигни, облечи се во силата своја, Сионе! Облечи се во облеката на величието свое, Ерусалиме, свети граде! Зашто отсега нема повеке да влегува во тебе необрезан и нечист. |
2. | Истреси го од себе правот; стани, заробени Ерусалиме! Симни ги веригите од вратот свој, заробена керко Сионова! |
3. | Зашто вака вели Господ: "За ништо бевте продадени, и без сребро ке бидете откупени." |
4. | И уште вака вели Господ Бог: "Народот Мој одеше порано во Египет, за да поживее таму, а Асур го притеснуваше без причина. |
5. | А сега што имам тука - вели Господ: "Народот Мој е земен даром, владетелите нивни беснеат, вели Господ, и постојано, секој ден, името Мое се навредува. |
6. | Затоа Мојот народ ке го познае името Мое; затоа ке разбере во оној ден, дека Јас сум истиот, Кој вели: "еве Ме!" |
7. | Колку се прекрасни врз горите нозете на благовесникот, кој навестува мир, благовестува радост, проповеда спасение, кој му говори нс Сион: "Твојот Бог се зацари!" |
8. | Ете го гласот на твоите стражи! Тие кренаа глас, и сите заедно ликуваат, зашто со очите свои гледаат, дека Господ се врака во Сион. |
9. | Веселете се, пејте заедно, урнатини ерусалимски, зашто Господ го утеши народот Свој - го откупи Ерусалим. |
10. | Ја засука Господ Својата света мишка пред очите на сите народи, - и сите краишта земни ке го видат спасението од нашиот Бог. |
11. | Одете си, одете си, излезете оттаму; не допирајте се до нечисто; излезете од средината негова, очистете се, вие што носите садови Господови! |
12. | Зашто нема да излезете набргу и нема да избегате; оти пред вас ке тргне Господ, и Бог Израилев ке биде зад вас. |
13. | Ете, Мојот слуга ке успее, ке се воздигне, ке се возвиси и возвеличи. |
14. | Како што мнозина беа зачудени, гледајки во Него - толку ликот Негов беше обезличен повеке, отколку на секој човек, и видот Негов - повеке, отколку на синовите човечки, - ! |
15. | така ке зачуди многу народи, цареви ке ја затвораат пред Него устата своја, зашто ке го видат она, за кое не им било говорено, и ке го дознаат она што не го слушнале. |
← Isaiah (52/66) → |