← Isaiah (51/66) → |
1. | Послушајте Ме вие, што копнеете за правда, вие кои Го барате Господа! Погледајте ја карпата, од која сте исечени, и по длабочината на трапот, од кој сте извлечени. |
2. | Погледајте го Авраама, вашиот татко, и на Сара, која ве родила; зашто Јас го повикав него единствениот, го благословив и го умножив. |
3. | Така, Господ ке го утеши Сион, ке ги утеши сите негови урнатини и ке ги направи пуситњите негови како рај и степите негови - како градина Господова; радост и веселба ке има во него, славословие и пеење на песни. |
4. | Послушајте Ме, народе Мој и племе Мое, приконете го увото кон Мене! Зашто од Мене ке излезе закон и Мојот суд ке го поставам за светлина на народите. |
5. | Мојата правда брзо ке стигне; Моето спасение изгрева и Мојата мишка ке ги суди народите; островите ке се надеваа на Мене и ке се надеваат на мишката Моја. |
6. | Кренете ги очите кон небото и погледајте на земјата долу: зашто небото ке изчезне како дим, и земјата ке изветви како облека, а жителите нејзини исто така ке изумрат; а Јас ке спасувам вечно, правдата Моја нема да престане. |
7. | Послушајте Ме, вие, кои ја познавате правдата, народе, Кој во срцето свое го имаш Мојот закон! Не плашете се од прекорување на лу ето, ниту стравувајте од злословието нивно. |
8. | Зашто молец ке ги изеде како облека и црв ке ги изеде како волна; а Мојата правда ке преуспее засекогаш, и Моето спасение - од род во род. |
9. | Крени се, крени, облечи се во сила, мишко Господова! Дигни се, како во древните дни, во дамнешните родови! Зар не го уништи ти Рава, зар не го порази змејот? |
10. | Не го исуши ли морето, водите и големата бездна, не ги претвори ли морските длабочини во пат, за да поминат искупените? |
11. | Kе се вратат избавените од Господа, и ке дојдат на Сион со пеење, и вечна радост ке има над главата нивна; тие ке најдат радост и веселба; скрбта и воздишките ке изчезнат. |
12. | Јас, Јас Самиот сум ваш Утешител. Кој си ти, та се плашиш од човек, кој умира, и од човечки син, кој е исто она што е и тревата? |
13. | Го забораваш Господа, својот Творец, кој го прострел небото и ја основал земајта; и непрестајно, секој ден се плашиш од јароста на угнетувачот, како да е готов тој да истреби? Но каде е сега јароста на угнетувачот? |
14. | Скоро ке биде ослободен заробениот, и нема да умре во јамата, ниту ке има потреба од леб. |
15. | Јас сум Господ твој, Кој го бранува морето, та брановите негови викаат: Господ Саваот е името Негово. |
16. | И Јас ке ги вложам Моите слова во устата твоја, и со сенката на раката Своја ке те покријам, за да го устројам небото и да ја утврдам земјата и да му кажам на Сион: "Ти си Мој народ." |
17. | Разбуди се, разбуди се, стани, Ерусалиме, ти, кој од раката на Господа ја испи чашата на јароста Негова, до дното си ја испил и исушил чашата што опива. |
18. | Ме у сите синови, од него родени, нема кој да го води, и ме у сите синови, од него одгледани, нема кој за рака да го придржи. |
19. | Тебе те снајдоа две невољи, кој ке те пожали? - Опустошување и истребување, глад и меч: кој ке те утеши. |
20. | Синовите твои изнемоштеа, лежат по аглите на сите улици, како срна во стапица, исполнети со гнев Господов, со заплашување од твојот Бог. |
21. | И така, ислушај го ова ти, кој си страдалник и пијан, но не од вино. |
22. | Вака вели Господ твој, Господ и Бог твој, Кој одмаздува за Својот народ: "Ете, јас земам од раката твоја чаша што опива, од чашата на Мојата јарост ти веке нема да пиеш. |
23. | Kе ја дадам во раката на твоите мачители, кои ти велеа: ‘Падни ничкум, за да минам по тебе‘; и ти го правеше грбот свој како земја и како улица за минувачите." |
← Isaiah (51/66) → |