← Isaiah (49/66) → |
1. | Слушајте Ме, острови, и внимавајте, народи далечни: Господ Ме повика уште од утробата, од мајчината Ми утроба го нарече името Мое; |
2. | ја направи устата Моја како остар меч: под сенката на раката Своја Ме криеше и Ме направи изострена стрела; во Својата торба за стрели Ме чуваше; |
3. | Он Ми рече: "Ти си Мој слуга, Израиле, - во тебе ке се прославам." |
4. | Јас, пак, реков: "Напразно сум се трудел, за ништо и попусто сум ја истрошувал силата Своја. Но правото Мое е во Господа, и наградата Моја е во Мојот Бог. |
5. | А сега вели Господ, Кој уште од утробата ме направи слуга Свој, да го вратам кон Него Јакова, за да се собере при Него Израилот; а кога ке се собереме, ке се прославам во Господа и Мојот Бог ке биде сила Моја. |
6. | И Он рече: "Малку е, тоа што Ти ке ми бидеш слуга, за да се подигне племето Јаковово и да се поврати остатокот Израилев, туку Јас ке те направам светило за народите, за да се рашири спасението од Господа до краиштата на земјата. |
7. | Така вели Господ, Искупителот на Израилот, Светецот негов, на презираниот од сите, на прекоруваниот од народот, на слугата на силните: царевите ке Те видат и ке станат кнезови ке се поклонат заради Господа, Кој е верен, заради Светецот Израилев, Кој Те избрал. |
8. | Вака вели Господ: "Во благопријатно време Те чув и во денот на спасението Ти помогнав; и Јас ке те пазам и ке Те направам завет на народот, за да ја востановиш земјата, да им ги вратиш на наследниците опустошените наследства. |
9. | Да им кажеш на затворените: излезете, и на оние, што се во темнина: покажете се. Крај патиштата ке пасат тие, по сите ридови ке бидат нивните пасишта; |
10. | Нема да трпат глад и жед, нема да ги удри припек и сонце; зашто Оној, Кој ги милува, ке ги води и ке ги доведе при извори водни. |
11. | И сите Мои гори ке ги направам друмови, Моите патишта ке бидат издигнати. |
12. | Ете, едни ке дојдат оддалеку; и ете - едни од север и од морето, а други - од земјата Синим. |
13. | Радувајте се, небеса, и весели се, земјо; воскликнувајте од радост гори, зашто Господ го утеши Својот народ и ги помилува Своите страдалници. |
14. | А Сион велеше: "Ме остави Господ, мојот Бог ме заборави!" |
15. | Може ли жена да го заборави породот свој, а да не се смилува на чедото од утробата своја? А и кога би го заборавила, Јас тебе нема да те заборавам. |
16. | Ете, на Своите дланки сум те забележал; твоите sидишта секогаш се пред Мене. |
17. | Твоите синови ке побрзаат кон тебе, а твоите разурнувачи и опустошители ке си отидат од тебе. |
18. | Крени ги очите и погледај наоколу, - тие сите се собираат, доа аат кон тебе. Жив сум Јас! вели Господ, - со сите нив ке се облечеш како со накит и ке се промениш со нив како невеста. |
19. | Зашто твоите урнатини, твоите пустињи и твојата разорена земја сега ке бидат многу тесни за жителите, за оние, што те голтаа, ке си отидат од тебе. |
20. | Децата, што ги имаш, бидејки си ги изгубила поранешните, ке ти говорат гласно: "Тесно е местото за мене; отстапи ми, за да можам да живеам." |
21. | И ти ке речеш во срцето свое: кој ми ги роди? Јас бев бездетна и бесплодна, одведена во плен и оддалечена; но, кој ги одгледа - ете, јас си останувам сама; а тие каде беа? |
22. | Вака вели Господ Бог: "Ете, ке ја кренам раката Своја кон народите, ке го издигнам знамето Свое пред племињата, - и ке ги донесат синовите твои на раце и керките твои - на раменици. |
23. | И царевите ке бидат твои хранители, и нивните царици ке бидат твои доилки; со лицето до земјата ке ти се клањаат и ке го лижат правот од нозете твои, и ке дознаеш, дека сум Јас Господ, дека оние, што се надеваат на Мене, нема да се посрамат. |
24. | Може ли да се одземе плен од силен, и можат ли да се одземат заробени од победникот?" |
25. | Да, така вели Господ: и секој заробен од исполин ке биде одземен и грабежот од тиранинот ке биде вратен; зашто Јас се борам со твоите противници и ке ги спасам твоите синови; |
26. | ке ги нахранам твоите угнетувачи со нивното сопствено месо, ке бидат напоени со својат крв како со ново вино; и секое тело ке дознае, дека Јас сум Господ, твој Спасител и твој Искупител, Силниот Бог Јаковов. |
← Isaiah (49/66) → |