← Isaiah (48/66) → |
1. | Слушај го ова, доме Јаковов, вие, кои се нарекувате со името на Израилот и кои сте произлегле од Јуда, кои се колнете во името Господово, го спомнувате Бога Израилев, иако не по вистина и не по правда. |
2. | Зашто тие се нарекуваат по светиот град и се потпираат на Бога Израилев; Господ Саваот е името Негово. |
3. | Поранешното Јас однапред го кажував, и она што од устата Моја излегуваше и Јас го навестував и брзо го вршев, - и се се извршуваше. |
4. | Јас знаев, дека ти си упорен и дека во твојот врат има железни жили, и челото ти е бакарно; |
5. | затоа и ти јавував од рано, пред да се случи тоа, и ти навестував, за да не речеш: "Мојот идол го направи тоа, мојот идол и мојот излеан лик заповеда тоа да стане." |
6. | Ти си слушал - погледај го сето тоа! И зар нема да го признаете тоа? А сега те известувам за нешто ново и сокриено, што ти не си го знаел. |
7. | Тоа се изврши сега, а не одамна и не пред еден ден, и ти не си слушал за него, за да кажеш: "Ете, јас го знаев тоа." |
8. | Ти не си слушал, ниту си знаел за тоа, и увото твое порано не беше отворено; зашто Јас знаев, дека ти ке постапиш вероломно; од самата мајчина утроба си наречен отстапник. |
9. | Заради името Свое го одлагав Својот гнев и заради славата Своја се воздржував да не те истребам. |
10. | Ете, те растопив, но не како сребро, те испитав во печката на страдањата. |
11. | Заради Себе, заради Самиот Себе го вршам тоа, - зашто, каква навреда би била за името Мое! Славата Своја нема да ја дадам на друг. |
12. | Чуј Ме, Јакове и Израиле, повикан од Мене: Јас сум истиот, Јас сум првиот и Јас последниот. |
13. | Мојата рака ја основа земјата, Мојата десница го распростре небото; ке ги повикам, - и тие ке застанат заедно. |
14. | Соберете се сите и слушајте: кој од нив го претскажал ова? Господ го возљуби, и тој ке ја исполни вољата Негова над Вавилон и ке ја јави мишката Своја над Халдејците. |
15. | Јас, Јас реков, и го повикав; Јас го доведов, патот негов ке биде успешен. |
16. | Пристапете кон Мене, слушајте го ова: Јас и во почетокот говорев не тајно; од она време, откако се извршува тоа, Јас бев таму; и сега Ме испрати Господ Бог и Неговиот дух. |
17. | Вака вели Господ, твојот Искупител, Светецот Израилев: Јас сум Господ, Бог твој, Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш. |
18. | О, да беше ги слушал Моите заповеди! Тогаш твојот мир ке беше како река, и тојата правда - како морски бранови. |
19. | И твоето потомство би било како песок, а породот од утробата твоја, - како зрнцата негови: името твое не би се истребило нити избришало пред Мене. |
20. | Излегувајте од Вавилон, бегајте од Халдејците, со радосен глас разгласувајте и проповедајте го тоа, ширете ја таа вест до крајот на земјата; кажувајте: "Господ го откупи Својот слуга Јакова." |
21. | Не ожеднуваат тие во пустињите, преку кои ги води: Он им извади вода од камен; пресекува карпа, - и се леат води. |
22. | А за лошите нема мир, вели Господ. |
← Isaiah (48/66) → |