← Isaiah (47/66) → |
1. | Слези и седни во прав, о, девице, керко вавилонска; седни на земја: престол нема, керко халдејска, и во иднина нема да те нарекуваат нежна и милолика. |
2. | Земи рачници и мели брашно; симини го превезот, засукај ракави, разголи ги нозете, гази преку река: |
3. | твојата голитија ке се открие, и ке се види твојата срамотија. Kе се одмаздам и никој нема од тоа да ме одврати. |
4. | Нашиот Избавител - името Му е Господ Саваот - е Светецот Израилев. |
5. | Седи молкум и прибери се во темнината, керко халдејска, зашто во иднина нема да те нарекуваат господарка на царствата. |
6. | Јас се разгневив на Својот народ, и го предадов наследството Свое, што го оскревни ти, во твои раце; а ти не им покажа милост, на старците им го стави најтешкото твое иго. |
7. | И си велеше: "Вечно ке бидам господарка", и на ум не го ставаше ова, не помислуваше што ке стане потоа. |
8. | Но сега ислушај го ова, ти, развратнице, која живееш безгрижно, која седиш и велиш во срцето: "Јас сум, и нема друга како мене: нема да останам вдовица, ниту ке осиромашам." |
9. | Но ненадејно, во еден ден, ке те снајде и едното и другото - загубата на децата и вдовството; во полна мера ке те снајдат тие, при сето множество на твоите магесништа и големата сила на твоите ма ии. |
10. | Зашто ти се надеваше на своето злодејание и велеше: "Никој не ме гледа." твојата мудрост и твоето знаење - тие те отстранија од патот, а ти си велеше во срцето свое: "Јас сум, и нема друга како мене." |
11. | Kе дојде на тебе зло: нема да знаеш, од каде доа а тоа; ке те снајде беда, кој не ке можеш да ја отфрлиш; и ненадејно ке те стигне погибел, за која и не мислиш. |
12. | Стој си, пак, со твоите ма ии и со многуте баења, со кои си се занимавала до млади години: можеби - ке си помогнеш, можеби - ке се одржиш. |
13. | Ти си умрона од многу замисли; нека излезат оние, што го набљудуваат небото, sвездобројачите и претскажувачите по новомесечијата, нека те спасат од она, што треба да ти се случи. |
14. | Ете, тие се како слама: оган ке ги изгори; не ја спасија душата своја од пламенот; не остана јаглен да се погрее некој, ниту оган, за да се поседи крај него. |
15. | Такви ке бидат оние, за кои си се грижела, со кои си тргувала од млади години. Секој тргнал по својот пат; никој не те спасува. |
← Isaiah (47/66) → |