← Isaiah (46/66) → |
1. | Падна Вил, се собори Нево; идолите им се врз добитокот и товарните животни; вашиот товар стана бреме за уморените животни. |
2. | Се навалија, паднаа одеднаш; не можеа да ги зачуваат оние, што ги носеа, и сами паднаа во ропство. |
3. | Послушај Ме, доме Јаковов и сиот остаток од домот Израилев, кого го носам од утробата, кого го држав од ра ањето; |
4. | и до вашата старост Јас ке бидам Истиот, до вашите бели коси ке ве носам; Јас ве создадов и ке ве носам, ке ве поддржам и ке ве пазам. |
5. | Со кого ке Ме изедначите, и ке Ме споредите? Кого ке го земете за пример да прилега на Мене? |
6. | Истураат злато од торбичката и премеруваат сребро на терезии, па најмуваат златар, за да направи од него бог, му се клањаат и ничкум па аат пред него; |
7. | го креваат на рамо, го носат и го ставаат на местото негово; тој стои, од местото свое не се помрдунува; му викаат, - тој не одговара, од невоља не спасува. |
8. | Спомнете си го тоа и покажете се мажи; земете го тоа при срце, отстапници; |
9. | спомнете си за она што било порано, од крајот на векот; земете го тоа при срце, зашто Јас сум Бог и нема друг Бог и нема подобен на Мене. |
10. | Јас го навестувам во почетокот она што ке биде на крајот, од старо време она што уште не станало, па велам: "Мојата одлука ке се изврши, и се што Ми е угодно - ке го направам." |
11. | Јас го повикав орелот од исток, од далечна страна, исполнителот на Мојата воља. Јас реков - и ке го извршам тоа; замислив - и ке го направам. |
12. | Послушајте Ме, жестокосрдни, вие, кои сте далеку од правдата: |
13. | Ја приближив Мојата правда - таа не е далеку, спасението од Мене нема да се забави; и ке му дадам на Сион спасение, на Израилот - Својата слава. |
← Isaiah (46/66) → |