← Isaiah (45/66) → |
1. | Вака му вели Господ на Својот помазаник Кира: "Те држам за десната рака, за да ти покорам народи, и ке ги симнам појасите од бедрата на царевите, за да ти се отворат вратите, и портите да не бидат затворени. |
2. | Пред тебе ке одам, планини ке рамнам, бакарни врати ке разбивам и железни резиња ке кршам; |
3. | тебе ке ти ги предадам чуваните во темно богатства и сокриените добра, за да познаеш, дека Јас сум Господ. Кој те нарекувам по име, - Бог Израилев. |
4. | Заради Јакова, Мојот слуга и Израилот, Мојот избраник, Јас го нареков по име, те почитував, иако не Ме познаваше. |
5. | Јас сум Господ и нема друг; нема Бог освен Мене; Јас те препашав, иако не ме познаваше, |
6. | за да дознаат од изгрев сонце и од запад, дека нема друг освен Мене: Јас сум Господ, и нема друг. |
7. | Јас ја создавам светлината и ја правам темнината, правам мир и причинувам невољи. Јас, Господ го вршам сето тоа. |
8. | Росете, небеса, одозгора, и облаците нека изливаат правда; нека се растфвори земјата и нека донесува спасение, заедно да произлегува и правдата. Јас, Господ, го правам тоа. |
9. | Тешко му на оној, кој се расправа со Создателот свој! Црепче од земни садови со други такви парчиња! Kе му каже ли глината на грнчарот: "што правиш" и твоето дело ке каже ли за тебе: "тој нема раце?" |
10. | Тешко му на оној, кој му вели на татка си: "зошто си ме создал на светов", а на мајка си: "зошто си ме родила?" |
11. | Вака вели Господ, Светецот Изралев и неговиот Творец: "Kе ме прашате ли за иднината на синовите Мои и ке сакате ли да ми се мешате во делото на рацете Мои? |
12. | Јас ја создадов земјата и го создадов на неа човекот; Јас - Моите раце ги простреја небесата; и на сета нивна војска Јас им дадов закон. |
13. | Јас го подгинав во правда и ке ги израмнам сите патишта негови. Тој ке го изгради Мојот град и ке ги отпушти заробените Мои не за откуп, ниту за дарови, вели Господ Саваот. |
14. | Вака вели Господ: печалбите на Египтјаните и трговијата на Етиопијците, и Савејците, лу е силни, кои тебе ке преминат и твои ке бидат, во вериги ке дојдат, ке паднат пред тебе ничкум и ке те молат, велејки: само ти имаш Бог, и нема друг Бог." |
15. | Вистина, Ти си Бог сокриен, Бог Израилев, Спасител. |
16. | Сите тие ке бидат посрамени и засрамени; заедно со нив ке отидат со срам и сите оние што прават идоли. |
17. | А Израилот ке биде спасен со вечно спасение од Господа; вие нема да бидете посрамени и осрамотени во веки веков. |
18. | Зашто вака вели Господ, Кој го создаде небото, Он, Бог, Кој и даде облик на земјата и Кој ја создаде; Он ја зацврсти, не ненадејно ја создаде; Он ја создаде за живеење. Он вели: Јас сум Господ, и нема друг. |
19. | Не говорев тајно Јас, не во темно место на земјата; не му реков на Јакововото племе: "напразно Ме барате." Јас сум Господ, Којшто изрекува правда, Којшто ја открива вистината. |
20. | Соберете се и дојдете, приближете се сите, преживеани од народите. Неразбрени се оние, што го носат својот дрвен идол и се молат на бог, кој не спасува. |
21. | Објавете и кажете, откако ке се посоветувате ме у себе: кој го кажа тоа од стари времиња? Кој однапред го кажал тоа? Нели Јас, Господ, Нема друг Бог освен Мене, - Бог праведен и Кој спасува, нема освен Мене. |
22. | Кон Мене обрнете се, и ке бидете спасени, сите краишта земни, зашто Јас сум Бог и нема друг како Мене. |
23. | Се колнам во Себе Самиот: од уста Моја излегува правда, збор неизменлив, дека пред Мене ке се преклони секое колено, во Мене ке се колне секој јазик. |
24. | Само во Господа, ке велат за Мене, има правда и сила; при Него ке дојдат и ке се засрамат сите, што непријателствувале против Него. |
25. | Преку Господа ке биде оправдано и прославено целото племе Израилево. |
← Isaiah (45/66) → |