← Isaiah (44/66) → |
1. | А сега слушај, Јакове, слуго Мој, и ти, Израиле, кого Јас го избрав. |
2. | Вака вели Господ, Кој те создаде и те обликува, Кој ти помага од мајчината утроба: не плаши се, слуго Мој Јакове, и возљубен Мој, кого Јас го избрав; |
3. | зашто ке излеам вода врз она што жедува, и потоци врз исушеното; ке го излеам духот Свој врз твоето племе и благословот Свој - врз твоите потомци. |
4. | Kе растат како трева крај извори, како врби крај водни потоци. |
5. | Еден ке рече: "Јас сум Господов", друг ке се нарече со името на Јакова; а трет ке напише со раката своја: "Јас сум Господов", ке се нарече со името Израилево. |
6. | Вака вели Господ, Царот на Израилот и неговиот Избавител, Господ Саваот: "Јас сум првиот, Јас сум и последниот; освен Мене нема Бог; |
7. | зашто кој е како Мене? Нека раскаже тој, да разгласи и по ред да Ми престстави се од она време, кога го усторов древниот народ, нека го разгласат она што настапува и она што ке биде... |
8. | Не бојте се и не плашете се: нели оддамана ти соопштив и престкажав? И вие сте Мои сведоци. Има ли Бог освен Мене? Не, друга никаква карпа не знам. |
9. | Оние, што прават идоли, сите се ништожни, нивните најсакани не донесуваат никаква корист тие сами се сведоци во тоа. Тие не гледаат, ниту разбираат, и затоа ке бидат посрамени. |
10. | Кој направил бог и излеал идол, што не донесува никаква корист? |
11. | Сите учесници во тоа ке бидат посрамени, зашто и самите мајстори сепак се лу е; сите тие нека се соберат и нека застанат; тие ке се уплашат и сите ке бидат посрамени. |
12. | Ковачот прави сечило од железо, со чекан го мазни и се труди над него со силната рака своја до толку, што прегладнува и премалува, не пие вода и изнемоштува. |
13. | Дрводелецот, откако ке одбере дрво, влече по него линија, со остар алат го оцртува, потоа изработува лик на убав човек, за да го постави дома. |
14. | Сече кедри, зема бор и даб, кои ги одбира ме у шумските дрвја, сади јасен, кого дождот го прави да расте. |
15. | И тоа му служи на човекот за оган, а дел од него употребува да се топли, да запали оган и да пече леб. А од него прави и бог и му се поклонува, прави идол и па а ничкум пред него. |
16. | Дел од дрвото изгорува во оган, со друг дел вари месо за јадење, си пече печено и јаде до наситување, а исто така се грее и вели: "добро е, се згреав; почувствував топлина." |
17. | А од остатоците прави бог, свој идол, му се поклонува, па а ничкум пред него и му се моли и вели: "спаси ме, зашто ти си мој бог." |
18. | Не знаат, ниту разбираат: "Он им ги затворил очите, за да не гледаат, и срцата нивни - за да не разбираат. |
19. | И не го зема тоа при срце, ниту има до толку знаење и разум да каже: "половината негова ја изгорев на оган и на јагленот негов испеков леб, сварив месо и јадев; а од остатокот зар ке направам одвратност, зар ке се клањам на парче дрво?" |
20. | Рзбери дека срцето на идол е од пепел; измаменото срце твое те довело во заблуда, и не може да ја ослободи душата своја и да рече: "нели е измама тоа што е во десната рака моја?" |
21. | Помни го тоа, Јакове и Израиле, зашто ти си Мој слуга; Јас те создадов; Мој слуга си ти, Израиле, не Ме заборавај. |
22. | Kе ги избришам како магла твоите беззаконија, и твоите гравови - како облак; сврти се кон Мене, зашто Јас те откупив. |
23. | Веселете се, небеса, зашто Господ го направи тоа. Ликувајте, длабочини земни; шумете од радост, гори и шуми и сите дрвја во нив; зашто Господ го откупи Јакова и ке се прослави во Израилот. |
24. | Вака вели Господ, Кој те откупува и Кој те обликува во мајчината утроба: Јас сум Господ, Кој се создадов, Сам ги спрострев небесата и со силата Своја ја послав земјата. |
25. | Јас ги правам ништожни доказите на лажните пророци и на видело го изнесувам безумието на ме есниците, Јас Кој ги вракам мудреците и знаењето нивно го обрнувам во лудост. |
26. | Го потврдувам зборот на Својот слуга и го извршувам изреченото од Моите пратеници, му велам на Ерусалим: "Ти ке бидеш населен" и на градовите Јудини: "Вие ке бидете изградени; и урнатините негови Јас ке ги возобновам." |
27. | Јас и велам на бездната: "Исуши се!" И реките твои Јас ке ги исушам. |
28. | Кој вели за Кира: "Тој е Мој пастир, и тој ке ја исполни секоја воља Моја и ке му рече на Ерусалим: "Ти ке бидеш одново изграден!" и на храмот "ти ке бидеш основан!" |
← Isaiah (44/66) → |