← Isaiah (43/66) → |
1. | А сега вака вели Господ, Кој те создаде Јакове, и Кој те образувал, Изариле: не плаши се, зашто Јас те откупив, те нареков според името твое; ти си Мој. |
2. | Преку води ли ке минуваш, Јас сум со тебе; преку реки ли - тие нема да те потопат; ако тргнеш преку оган, нема да се изгориш, и пламенот нема да те обгори. |
3. | Зашто Јас сум Господ, Бог твој, Светецот Израилев, твојот Спасител; откуп за тебе го дадов Египет; Етиопија и Савеја ги дадов за тебе. |
4. | Бидејки си скап во очите Мои, многу си ценет; Јас те возљубив, затоа ке дадам други лу е за тебе, и народи за твојата душа. |
5. | Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; од исток ке го доведам твоето племе и од запад ке го соберам. |
6. | На север ке му кажам: дај; и на југ: не задржувај; доведи ги синовите Мои оддалеку и керките Мои - од краиштата на земни, |
7. | секого, кој се нарекува со Моето име, кого сум го создал за Мое прославување, ги содадов и направив. |
8. | Изведи го слепиот народ, иако има очи, и глувиот, иако има уши. |
9. | Нека се соберат сите народи заедно, нека се соеднинат племињата. Кој од нив го претскажал тоа? Нека соопштат што било во почетокот; нека доведат сведоци од себеси и да се оправдаат, за да може да се чуе и да се каже: "вистина е." |
10. | А Мои сведоци, вели Господ, сте вие и Мојот слуга, што го избрав, за да знаете и да Ми верувате, да разберете дека сум тоа Јас: пред Мене немаше Бог, и по Мене нема да има. |
11. | Јас, Јас сум Господ, и нема Спасител освен Мене. |
12. | Јас предреков и спасив, однапред претскажав а друг немате, вие сте Мои сведоци, оти Јас сум Бог - вели Господ; |
13. | од почетокот на дните Јас сум ист, никој нема да се спаси од раката Моја; Јас ке направам, и кој ке го измени тоа? |
14. | Така вели Господ, вашиот Изкупител, Светецот Израилев; заради вас испратив во Вавилон и ги исфрлив сите резиња на затворите и Халдејците, кои се гордееја со кораби. |
15. | Јас сум Господ, вашиот Светец, Создателот на Израилот, вашиот Цар. |
16. | Така вели Господ, кој отвори во морето пат, по разбранувани води - патека. |
17. | Кој изведе бојни коли и коњи, војска и сила; сите легнаа наедно, не станаа; угаснаа, како фитил истлееја. |
18. | Но вие не се секавате за поранешното и за некогашното не помислувате. |
19. | Ете, Јас правам нешто ново; еве сега ке се јави; зари и тоа не сакате да го знаете? Kе направам пат низ степи, реки - преку пустиња. |
20. | Полските sверови ке Ме прослават, шакали и ноеви, зашто ке им дадам вода во пустињата, реки - во суви степи, за да го појам Мојот избравн народ. |
21. | Овој народ го создадот за Себеси; тој ке ја разгласува славата Моја. |
22. | А ти, Јакове, не си Ме викал: ти, Израиле, не си се трудел за Мене. |
23. | Не си Ми ги принесувал своите јагниња за сепаленица, ниту си Ме почитувал со жртвите свои. Не сум те принудувал да Ми служиш со лебни приноси и не сум ти дотежнувал, барајки од тебе да Ми кадиш. |
24. | Не си ми купувал со сребро кадило, ниту си Ме наситувал со мрсно месо од жртвите свои; но со твоите гревови си Ме оптоварувал; со твоите беззаконија си Ми дотежнувал. |
25. | А Јас, Јас Сам ги бришам твоите престапи заради Самиот Себе и гревовите твои нема да ги спомнам. |
26. | Спомни Ме; ке се судиме; говори, за да се оправдаш. |
27. | Твојот праотец згреши, а твоите застапници отстапија од Мене. |
28. | Затоа настојниците на светилиштето ги лишив од свештенство, Јакова го предадов на проклетство и Израилот на подбив. |
← Isaiah (43/66) → |