← Isaiah (42/66) → |
1. | Еве го Мојот Слуга, Кого Го држам за рака, Мојот Избраник, кон Кого благоволи душата Моја. Kе го положам Духот Свој врз Него, и Он ке им биде суд на народите; |
2. | нема да викне, ниту да го подигне гласот Свој, нема да дозволи да го чујат на улиците; |
3. | скршената трска нема да ја здроби, и ленот што тлее нема да го угасне; ке суди според вистината; |
4. | нема да ослабне, ниту ке изнемошти, додека на земјата не утврди суд, народите ке се надеваат на Неговиот закон. |
5. | Така вели Господ Бог, Кој ги создал небесата и нивното пространство, Кој ја раширил земјата со нејзините производи, Кој му дава здив на народот што е на неа, и дух на оние што одат по неа. |
6. | Јас, Господ, Те повикав во правда, цврсто ке Те држам за рака и ке Те пазам, ке те поставам за завет на народот, светлина за незнабошците, |
7. | за да им ги отвориш очите на слепите, да ги изведеш врзаните од затвор и оние што седат во темнина - од темнина. |
8. | Јас сум Господ, тоа е Моето име, и нема да ја дадам славата Своја на друг, ниту честа Своја на идоли. |
9. | Ете, претскажаното порано се зби, и ново ке известам; пред да стане тоа, Јас ке ве известам. |
10. | Пејте Му на Господа нова песна, похвална за Него од земните краишта, вие што пловите по море, и се, што го полни, островите и оние што живеат на нив. |
11. | Нека издигне глас пустињата и нејзините градови, населбите, каде што живее Кидар; нека ликуваат оние што живеат во карпи, нека воскликнуваат од врвовите горски. |
12. | Нека Му воздадат слава на Господа, похвалата Негоав нека ја возвестат на островите. |
13. | Господ ке излезе како исполин, ревноста ке ја возбуди како војник; ке извика и ке подигне војнички вик; ке се покаже силен против непријателите Свои. |
14. | Долго молчев Јас, трпев и се воздржував; сега ке викам како родилка, ке разурнувам и ке голтам се. |
15. | Kе опустошувам планини и ридови, и сета нивна трева ке ја исушам; реките ке ги направам острови, езерата ке ги исушам. |
16. | Kе ги поведам слепите по пат, што тие не го знаат, ке ги водам по нејзини патеки, темнината ке ја направа светлина пред нив, а кривите патеки - прави: ете, што ке направам Јас за нив, и нема да ги оставам. |
17. | Тогаш ке се свртат назад и со голем срам ке се покријат оние, што се надеваат на идоли, кои им велат на идолите: вие сте наши богови. |
18. | Слушајте, глуви, и гледајте, слепи, за да видите. |
19. | Кој е толку слеп како што е Мојот слуга, и глув, како што е Мојот пратеник? Кој е толку слеп како што е возљубениот, кој е така слеп, како што е слугата Господов? |
20. | Ти си видел многу, но не си забележувал; ушите ти биле отворени, но не си слушал. |
21. | На Господа му било угодно заради правдата Своја да го возвеличи и прослави законот. |
22. | Но тоа е народ поробен и разграбен; сите тие се врзани во подземја и сокриени во темници; станале плен, и нема спасител, ограбени се, и никој не вели: врати го! |
23. | Кој од вас го приклонил увото кон тоа, кој викнал и го слушал за иднината? |
24. | Ког го предаде Јакова на разурнување и Израилот - на грабачи? Не е ли тоа Господ, против Кого згрешивме? Тие не сакаат да одат по патиштата Негови, ниту го слушаат законот Негов. |
25. | А Он ја излеа врз нив јароста на Својот гнев и жестокоста на војната: ти ги опкружи со пламен од сите страни, но тие не забележуваа; гореше во нив, но тие не го разбраа тоа со срце. |
← Isaiah (42/66) → |