← Isaiah (41/66) → |
1. | Молкнете пред Мене, острови, и нека народите ги обноват силите свои; нека се приближат и нека речат: да излеземе заедно на суд. |
2. | "Кој Го издига од исток Праведникот, кој Го повикува да оди пред Него? Кој Му ги предаде народите и Му ги покори царевите? Он ги претвори во прав со Неговиот меч, со Неговиот лак - во плева, развеана од ветар. |
3. | Он ги гонеше, одеше спокојно по патот, по кој никогаш не беше одел со нозете свои. |
4. | Кој го направи и изврши тоа? Оној, Кој во почетокот ги повика родовите; Јас, Господ, Јас сум првиот, и ме у последните - Јас сум истиот. |
5. | Островите видоа и се ужасија, краиштата земни затреперија. Тие се зближија и се собраа; |
6. | секој му помага на другарот свој и му вели на братот свој: "Држи се!" |
7. | Ковачот го бодри леарот; кој ги сплескува со чекан листовите, му одобрува на оној, што кова на ковална, велејки за спојката: "добра е"; и ја зацврстува со клинци, за да биде цврста. |
8. | "А ти, ти Израиле, слуго Мој, Јакове, кого Јас те избрав, семе на Авраама, пријателе Мој, |
9. | ти, кого го зедов од краиштата на земјата и го повикав од краиштата нејзини, и ти реков: Ти си Мој слуга, Јас те избрав и нема да те отфрлам. |
10. | Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не се вознемирувај, зашто Јас сум Бог твој; Јас ке те закрепам и ке ти помогнам, ке те поддржам со десницата на Мојата правда." |
11. | Ете, постидени и засрамени ке останат сите, што се наежени против тебе, - ке бидат како ништо и ке загинат оние што се препираат со тебе. |
12. | Kе ги бараш - и нема да ги најдеш, нив, кои непријателствуваат против тебе; кои се борат со тебе; ке бидат како ништо, наполно ништо; |
13. | зашто Јас сум Господ, Бог твој; те држам за твојата десна рака, ти велам: "не плаши се, Јас ти помагам." |
14. | "Не се плаши, црву Јакове, малуброен Израиле, - Јас ти помагам, вели Господ, Јас твој Искупител, Светецот Израилев." |
15. | Ете, Јас ке ти направам остар дикел, нов, назабен; ти ке ги кршиш и ке ги ситниш планините, и ридовите ке ги направиш како прав. |
16. | Ти ке вееш, ветрот ке ги разнесе, и виорот ке ги развее; а ти ке се зарадуваш во Господа, ке се фалиш со Светецот Израилев. |
17. | Сиромаси и неимотни бараат вода, и нема, јазикот им се исушува од жед: Јас, Господ ке ги чујам, Јас, Бог Израилев, нема да ги оставам. |
18. | Kе отворам реки на врвот од горите и извори среде долини; пустињата ке ја направам езеро и сувата земја - водни извори; |
19. | ке насадам во пустиња кедар, ситим, мирта и маслинки, ке насадам во степите кипарис, јавор и бука наедно, |
20. | за да видат и познаат, и да ги разгледаат и разберат, дека раката Господова го направи тоа, дека Светецот Израилев го создаде тоа. |
21. | Претставете го делото свое, вели Господ; дајте ги доказите свои, вели Царот Јаковов. |
22. | Нека дојдат и нека ни кажат што ке биде; нека објават нешто, пред да стане, и ние ке проникнеме со умот свој и ке дознаеме, што ке биде потоа, или нека ни претскажат за иднината. |
23. | Кажете што ке биде во иднина, и ние ке познаеме дека сте богови, или направете нешто добро или лошо, за да се зачудиме и заедно со вас да видиме. |
24. | Но вие сте ништо, и делото ваше е ништожно; одвратен е оној што ве избра." |
25. | Јас го подигнав од север, и тој ке дојде; од изгрев сонце ке го повикува името Мое и ке ги гази кнезовите како кал, и ке ги гази, како грнчар глината. |
26. | Кој објави за тоа од почетокот, за да знаеме, и многу порано, за да можеме да кажеме: "навистина?" Но никој не кажал, никој не објавил, никој не ги чул вашите зборови. |
27. | Јас прв реков на Сион: "ете го, и му дадов на Ерусалим благовесник." |
28. | И така, Јас гледав, и немаше никого, ме у нив не се најде советник, за да можам да ги прашам, и тие да одговорат. |
29. | Ете, сите тие се ништо, ништожни се и делата нивни: ветар и ништожност се нивните идоли. |
← Isaiah (41/66) → |