← Isaiah (40/66) → |
1. | Утешувајте го, утешувајте го Мојот народ, вели вашиот Бог; |
2. | говорете му на Ерусалим, што му е по срце, и известувајте го, дека времето на неговата борба се исполни, дека за неправдата му е дадено задоволување, зашто од раката Господова доби двојно за сите свои гревови. |
3. | Гласот на оној што вика во пустињата говори: "Пригответе Му пат на Господа, прави направете ги во пустињата патеките за нашиот Бог; |
4. | секој дол да се исполни, секоја планина и рид да се снизат; кривините да се исправат, и нерамните патишта да бидат израмнети; |
5. | и ке се јави славата Господова, и секоја плот ке го види спасението од Бога; зашто устата Господова го изрече тоа." |
6. | Гласот говореше: "Разгласувај!" и рече: "Што да разгласувам?" - Секоја плот е трева, сета убавина нејзина е како полско цвеке. |
7. | Тревата се исушува, цвекето овенува, што ке дувне врз него здивот на Господа: така е и народот како трева. |
8. | Тревата се суши, цвекето свенува, а словото на нашиот Бог останува вечно." |
9. | Искачи се на високата гора Сион, ти кој јавуваш добри вести за Сион, извиши го силно гласот свој, благоизвестителе Ерусалиме, подигни го, не плаши се. Кажи им на градовите Јудини: еве Го вашиот Бог! |
10. | Ете, Господ Бог иде со сила и мишката Негова е со власт. Ете, наградата Му е со Него, а отплатата Му е пред лицето Негово. |
11. | Како пастир ке го пасе Он стадото Свое: јагнињата ке ги земе Он во рацете и ке ги носи на градите Свои, и грижливо ке ги води дојдените. |
12. | Кој ги исцрпел водите со раката своја и со педа го измерил небото, и со мерка го измерил правот земен, кој ги измерил на теразија планините и ридовите? |
13. | Кој го разбрал Духот на Господа, и Му бил Нему советник и Го учел? |
14. | Со кого се советувал Он, и кој Го вразумувал и Го поучувал во патот на правдата, и Го учел на знаење и Му го покажувал патот на мудроста? |
15. | Ете, народите се како капка од ведро, и се сметаат како прашинка на терезија. Ете, островите Он ги подигна како прашинки. |
16. | Ни Ливан не стигнува за жртвен оган, ни животните по него - за сепаленица. |
17. | Сите народи пред Него се како ништо, - за Него се помалку од ништо, и помалку се од суетата. |
18. | И така, со кого ке Го споредите Бога, и каква подобност ке Му најдете? |
19. | Уметникот го излева идолот, а златарот го покрива со злато и му додава сребрени веришки. |
20. | А кој е сиромав и нема што да му принесе, тој избира дрво, кое не гние, па бара искусен уметник за да направи идол, што ке стои цврсто. |
21. | Зар не знаете? Зар не сте слушале? Зар не ви е зборувано во почетокот? Зар не сте го разбрале тоа по основите на земјата? |
22. | Он е Оној, Кој седи над другот на земјата, а оние, што живеат на неа, се како скакулци пред Него; Он ги распослал небесата како танко платно и ги распнал како шатор за живеење. |
23. | Он ги претвора кнезовите во ништо, судиите земни ги прави да бидат ништожни. |
24. | Одвај посадени, одвај посеани, одвај се закоренил во земјата стракот нивни, штом Он ке дувне врз нив, тие се исушуваат; виорот ги однесува како плева. |
25. | "Со кого ке Ме изедначите и со кого ке Ме споредите? - вели Светецот. |
26. | Кренете ги очите свои кон висините небесни и погледнете, кој ги создал? Кој го пресметал бројот на војската нивна? Он сите нив ги нарекува по име: поради големата мок и големата сила во Него ништо не недостига. |
27. | А како говориш ти, Јакове, и велиш, Израиле: "Патот ми е сокриен од Господа, делото мое е заборавено пред мојот Бог?" |
28. | Зар не знаеш? Зар не си слушал дека вечниот Бог, Кој ги создал краиштата на земјата, не се изморува и не изнемоштува; Неговиот разум е неиспитлив. |
29. | Он му дава силан на уморениот и му дарува јачина на изнемоштениот. |
30. | Се уморуваат и момчињата и ослабуваат, и млади лу е па аат, |
31. | а оние кои се надеваат на Господа, ке ја обноват силата своја: ке кренат криља како орли, ке трчаат и нема да им биде тешко, ке одат и нема да се уморат. |
← Isaiah (40/66) → |