Isaiah (4/66)  

1. Во оној ден седум жени ке се фатат за еден маж и ке речат: "Свој леб ке јадеме и своја облека ке носиме, доста е само да се нарекуваме со твоето име, - симни го од нас срамот наш."
2. Во оној ден фиданката Господова ке се јави во убавина и чест, а плодот на земјата - во величие и слава, за спасените синови Израилеви.
3. Тогаш другите на Сион и измачените во Ерусалим - сите, запишани како да живеат во Ерусалим, ке се нарекуваат свети,
4. кога Господ ке ја измие нечистотијата на керките сионски и ке ја исчисти крвта на Ерусалим од средината негова со дух, кој суди и со дух, кој пали.
5. И ке направи Господ над секое место на Сион гора и над собранијата и дење облак и дим, а ноке - блесок од пламнат оган; зашто слава ке покрива се.
6. И ке има шатор за сенка дење од припек и засолниште и заклон од лошо време.

  Isaiah (4/66)