← Isaiah (39/66) → |
1. | Во тоа време вавилонскиот цар Мародах Валадан, син Валаданов, испрати до Езекија писмо и дарови, зашто беше чул, оти тој бил болен и оздравел. |
2. | Им се зарадува Езекија на гласниците и им ја покажа својата ризница, среброто и златото, пријатните мириси и скапоцените масла, целата своја оружница и се што се нао аше во неговата ризница, - не остана ништо, што не им го покажа Езекија во домот свој и по целото свое владение. |
3. | Тогаш дојде пророкот Исаија при царот Езекија и му рече: "Што рекоа овие лу е? Од каде дојдоа при тебе?" Езекија одговори: "Од далечна земја дојдоа тие при мене, од Вавилон." |
4. | И праша Исаија: "Што видоа тие во твојот дом?" Езекија одговори: "Видоа се, што има во мојот дом; ништо не остана во мојата ризница, што да не им покажав." |
5. | И му рече Исаија на Езекија: "Ислушај го словото на Господа Саваот: |
6. | ете, ке дојдат дни, и се што има во домот твој и што собрале татковците твои до денес, се ке биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане, вели Господ. |
7. | Kе земат и од твоите синови, што ке произлезат од тебе, што ке ги родиш, и тие ке бидат евнуси во дворецот на вавилонскиот цар." |
8. | А Езекија му рече на Исаија: "Добро е словото Господово, што ти го изрече; а во себе помисли: барем ке има мир и сигурност во текот на моите дни." |
← Isaiah (39/66) → |