← Isaiah (38/66) → |
1. | Во тие дни Езекија се разболе смртно. И дојде кај него пророкот Исаија, синот Амосов, и му рече: "Вака вели Господ: направи завет за домот свој, зашто ке умреш, нема да оздравиш." |
2. | Тогаш Езекија се сврте со лицето кон sидот и се помоли на Господа велејки: |
3. | "О, Господи! Сети се, дека јас одев пред Твоето лице верно и со предано срце кон Тебе и вршев она што беше угодно пред Твоите очи." И силно заплака Езекија. |
4. | И дојде словото Господово кон Исаија и му беше речено: |
5. | "Оди, кажи му на Езекија: вака вели Господ, Бог на татка ти Давида: ја чув твојата молитва, ги видов твоите солзи, и ете, додавам кон твоите дни уште петнаесет години, |
6. | ке те спасам тебе и овој град од раката на царот асирски. Да, ке го зачувам тој град. |
7. | И, еве ти знак од Господа, дека Господ ке го исполни словото, што го изрече. |
8. | Еве, ке ја вратам десет стапки назад сончевата сенка, која мина по стапките Ахазови." И се врати сонцето десет стапки по стапките, по кои тоа слегуваше. |
9. | Молитвата на јудејскиот цар Езекија, кога беше болен и оздраве од болеста: |
10. | "Си реков во себеси: кога ги преполовив дните свои, треба да влезам во портите на пеколот; јас сум лишен од остатокот на годините свои. |
11. | Јас реков: нема да Го видам Господа, Господа во земјата на живите; нема да видам повеке човек ме у оние што живеат во светот; |
12. | моето живеалиште се симна од местото и се оддалечени од мене како овчарски шатор; како ткаач треба да го пресечам животот свој; Он ке ме отсече од основа; дење и ноке чекав, дека Ти ке пратиш смрт. |
13. | Чекав до утрото; како лав Он ги кршеше сите мои коски; ден и нок чекав дека ке ми испрати смрт. |
14. | Како жерав, како ластовичка испуштав гласови, како гулаб тагував; очите мои гледаа кон небото: Господи, притеснет сум, спаси ме. |
15. | Што да кажам? Тој ми рече, и Тој направи. Мирно ке ги поминам сите години на животот свој, помнејки ја тагата на душата своја. |
16. | Господи, така живеат, и во сето тоа за Тебе ке живее мојот дух; Ти ке ме излекуваш, ке ми даруваш живот. |
17. | Ете, за добро ми беше силната тага, Ти ја спаси душата моја од погибелниот ров, ги фрли зад грбот Свој сите мои гревови. |
18. | Зошто не пеколот Тебе Те слави, не смртта Тебе те восфалува, не слезените во гроб се надеваат на Твојата вистина. |
19. | Живите, само живите ке Те прослават, како јас сега; таткото ке им ја соопшти на децата Твојата вистина. |
20. | Господ ке ме спаси; и ние во сите дни на нашиот живот со звуците на моите жици ке пееме песни во домот Господов." |
21. | Тогаш рече Исаија: "Нека донесат суви смокви, нека ги изгмечат и нека ги става врз чирот; и царот ке оздрави." |
22. | А Езекија рече: "Кој е знакот, дека ке отидам во домот Господов?" |
← Isaiah (38/66) → |