← Isaiah (37/66) → |
1. | Штом го чу тоа царот Езекија, ја раскина својата облека и се покри со врекиште, па отиде во домот Господов; |
2. | ги повика началникот на дворецот Елијакима, и писарот Свена, и старешините на свештениците, покриени со врекишта при пророкот Исаија, син Амосов. |
3. | И тие му рекоа: "Вака вели Езекија: овој ден е ден на жалоста, казна и срам, зашто новороденчињата дојдеа до отворот на мајчината утроба, но сила нема за ра ање. |
4. | Можеби, Господ, твојот Бог, ке ги чуе зборовите на Рапсака, кого асирскиот цар, негов господар, го прати да Го навредува живиот Бог и да се подбива со зборовите, кои ги чу Господ, твојот Бог; за тоа принеси молитва за другите, што се уште живи." |
5. | И отидоа слугите на царот Езекија при Исаија. |
6. | И им рече Исаија: "Вака кажете му на вашиот господар: вака вели Господ: не плаши со од зборовите што ги чу, со кои Ме навредуваат слугите на асирскиот цар. |
7. | Ете, Јас ке испратам во него дух, и тој ке чуе вест и ке се врати во земјата своја, и Јас ке го поразам со меч во неговата земја." |
8. | Тогаш Рапсак се врати и најде дека асирскиот цар војува против Ливна; зашто беше чул, оти господарот негов се повлекол од Лахис. |
9. | И тој чу за Тирхака, царот етиопски; нему му беа рекли: ете, тој излезе да војува со тебе. Кога го чу тоа, тој испрати гласници, при Езекија, велејки: |
10. | "Вака кажете му на Езекија, царот Јудејски: нека не те мами твојот Бог, на Кого се надеваш, велејки: Ерусалим нема да биде предаден во рацете на царот асирски. |
11. | Ете, ти си чул што направија асирските цареви со сите земји, ставајки врз нив клетва; та ти ли ке се избавиш? |
12. | Боговите на народите, кои татковците мои ги разорија, ги спасија ли, го спасија ли Гозан и Харан, Рецеф и синовите не Еден, што се во Теласар? |
13. | Каде е царот ематски, и царот арпадски, и царот на градот Сефарваим, Ена и Ива?" |
14. | И го зеде Езекија писмото од рацете на пратениците и го прочита, па отиде Езекија во домот Господов и го отвори пред лицето Господово; |
15. | се помоли Езекија пред лицето на Господ и рече: |
16. | "Господе Саваоте, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти единствен си Бог на сите земни царства: Ти си ги создал небото и земјата. |
17. | Приклони го, Господи, увото Свое и чуј; отвори ги, Господи, очите Свои и погледај, чуј ги зборовите на Сенахерима, кој испрати да хулат на Тебе, живиот Бог. |
18. | Навистина, Господи, асирските цареви ги опустошија сите краишта и земјите нивни. |
19. | Тие ги изнафрлаа во оган боговите ниви; но тоа не беа богови, туку изработки од човечки раце, дрво и камен, затоа и ги уништија.. |
20. | И сега, Господи, Боже наш, спаси не од раката негова: тогаш ке дознаат сите земни царства, дека Ти, Господи, си единствен Бог." |
21. | И испрати Исаија, синот Амосов, до Езекија да кажат: вака вели Господ, Бог Израилев: "За она што ти Ми се молеше против Сенахерима, царот асирски, - |
22. | еве го словото што Господ го изрече за него: ке те презре, ке ти се потсмее девицата, керката Сионова, ке ја заниша главата по тебе керката ерусалимска. |
23. | Кога ти прекоруваше и навредуваше? Против кого го подигна гласот и ги крена толку високо очите свои? Против Светецот Израилев. |
24. | Преку слугите свои ти го прекоруваше Господа, велејки: "Со множеството мои коли се искачив на врвот од планините, врз ребрата на Ливан, ги исеков високите негови кедри, убавите негови кипариси, и стигнав до самиот врв негов, и до горичката негова; |
25. | и ископав и пиев вода; и со стапките на нозете свои ке ги исушам сите реки египетски. |
26. | Зар не си чул, дека Јас одамна го направив тоа, во стари дни го преднацртав, а сега го исполнив со тоа, дека ти го опустошуваш силните градови, претворајки ги во купишта урнатини? |
27. | Жителите нивни изнемоштеа; треперат и остануваат во срам; станале како трева по полето и нежно тревно растение, како тревки по покривите и препламнато жито пред да биде искласано. |
28. | Kе седнеш ли, ке излезеш ли, или ке влезеш - Јас знам се, ја знам и дрскоста твоја против Мене. |
29. | За твојата дрскост против Мене и за тоа, дека твојата надуеност дојде до ушите Мои, ке ја ставам алката Своја во ноздрите твои и уздата Своја - во устата твоја; ке те вратам назад по истиот пат, по кој си дошол. |
30. | И, ете, ти, Езекија, доказ: јадете го оваа година израснатото од паднатото зрно, а во другата година - самоизраснатото; на третата, пак, година сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги плодовите нивни. |
31. | Зашто преживеаните во домот Јудин, тие што ке останат, пак ке пуштат корен долку и ке дадат плод горе, |
32. | оти од Ерусалим ке произлезе остатокот, и од градот Сион - спасението. Тоа ке го изврши ревноста на Господа Саваот. |
33. | Поради тоа вака вели Господ за асирскиот цар: "нема да влезе тој во овој град, ниту ке фрли таму стрела, и нема да се доближи до него со штит, ниту ке ископа опкоп околу него; |
34. | по кој пат дошол, по истиот и ке се врати, но во тој град нема да влезе, вели Господ. |
35. | Јас ке го бранам овој град, за да го спасам поради Себе и заради Мојот слуга Давида." |
36. | Тогаш излезе ангел Господов и погуби во асирскиот логор сто и осумдесет и пет иљади души. Утредента станаа, и, ете, насекаде имаше само мртви тела. |
37. | И остстапи Сенахирим, царот асирски, та си отиде, се врати и живееше во Ниневија. |
38. | И кога се клањаше во домот на својот бог Нимрох, синовите негови Адрамелех и Сарасар го убија со меч, а самите избегаат во Араратската земја. И место него стана цас синот негов Асардан. |
← Isaiah (37/66) → |