Isaiah (36/66)  

1. Во четиринаесеттата година на царот Езекија, асирскиот цар Сенахерим, стана против сите утврдени градови на Јудеја и ги презеде.
2. Тогаш асирскиот цар го прати Рапсака со голема војска од Лахис во Еурсалим при царот Езекија; и тој се запре кај водоводот на горниот водостој по патот за нивата на валавичарот.
3. И излезе при него Елијаким, Хелкиевиот син, началник на дворецот, и писарот Свена, и летописецот Јоах, Асафовиот син.
4. И им рече Рапсак: "Кажете му на Езекија: вака вели големиот цар, царот асирски: каква е таа надеж, на која се надеваш?
5. Јас мислам, дека се тоа само празни зборови, а за војна се потребни совет и сила: и така, на кого се надеваш ти, па си се одметнал од мене?
6. Ете, ти многу се потпираш на Египет, на таа скршена трска, која, ако некој се потрпе на неа, ке му влезе во раката и ке ја прободе. Таков е Фараонот, царот египетски, за сите, кои се надеваат на него.
7. Ако ли ми кажеш: се надеваме на Господа, нашиот Бог, - тогаш на оној ли, чии светилишта и жртвеници ги замени Езекија и му кажа на Јуда и на Ерусалим: "само пред овој жртвеник клањајте се?"
8. И така, влези во сојуз со мојот господар, царот асирски; - ке ти дадам две иљади коњи; можеш ли да испратиш јавачи за нив?
9. Па како сакаш да го натераш да отстапи водачот, еден од најмладите слуги на мојот господар, надевејки се на Египет, заради коли бојни и коњи?
10. Та зар јас без вољата на Господа тргнав против оваа земја, за да ја разорам? Господ ми рече: оди против таа земја и разори ја.
11. Тогаш Елијаким, Севна и Јоах му рекова на Рапсака: "Говори им на слугите твои на арамејски, зашто ние разбираме, е не ни говори по јудејски, за да чуе народот, кој е на sидините.
12. И Рапсак рече: "Зар само при твојот господар и при тебе ме испрати господарот мој да ги кажам овие зборови? Не, исто така и при лу ето, што седат по sидините, за да го јадат со вас изметот свој и да ја пијат мочта своја."
13. Тогаш стана Рапсак и извика со висок глас по јудејски и рече: "Чујте ги зборовите на големиот цар, асирскиот цар!
14. Вака вели царот: нека не ве мами Езекија, зашто тој не може да ве спаси;
15. И нека не ви дава надеж Езекија во Господа, велејки: "Господ ке не спаси; овој град нема да биде предаден во рацете на царот асиски."
16. Не го слушајте Езекија, зашто вака говори царот асирски: примирете се со мене и излезете пред мене, и секој нека го јаде плодот од лозјето свое и од смоквата своја и секој нека пие вода од својот кладенец,
17. додека не дојдам и ве земам во исто таква земја, каква што е и вашата земја, во земја на леб и вино, во земја на плодови и лозја.
18. И така, да не ве мами Езекија, велејки: "Господ ке не спаси". Боговите на народите ја спасија ли, секој својата земја од раката на асирскиот цар?
19. Каде се боговите на Емат и Арпад? Каде се боговите на Сепарваим? Ја спасија ли тие Самарија од мојата рака?
20. Кој од сите богови на тие земји ја спаси земјата своја од мојата рака? Та зар Господ ке го спаси Ерусалим од мојата рака?"
21. Но тие молчеа и не му одговорија ни збор, зашто од царот беше дадена повелба: не му одговарајте.
22. Тогаш отиде Елијаким, синот Хелкиев, началник на дворецот, и Севна писарот, и Јоах, син Асафов, летописец при Езекија, со раскината облека, и му ги предадоа зборовите на Рапсака.

  Isaiah (36/66)