← Isaiah (35/66) → |
1. | Kе се развесели пустињата и сувата земја, и ненаселената земја ке се зарадува и ке расцути како крин; |
2. | прекрасно ке цути и ке се радува, ке ликува и ке се весели; славата на Ливан ке му се даде, великолепието на Кармил и Сарон; тие ке ја видат славата на Господа, величината на нашиот Бог. |
3. | Закрепнете ослабени раце и зајакнете колена што треперите; |
4. | кажете им на плашливите со дух: бидете цврсти, не плашете се: ете, вашиот Бог иде со одмазда, со отплата Божја: Он ке дојде и ке ве спаси. |
5. | Тогаш ке им се отворат очите на слепите, ушите на глувите ке се отнат; |
6. | тогаш куциот ке скока како елен, и јазикот на немиот ке пее; зашто води ке бликнат во пустињата, и потоци во степите. |
7. | И водниот привид ке се претвори во езеро, а жедната земја - во водни извори; во живеалиштето на шакалите, каде што тие се одмараат - ке стане место за трска и рогозина. |
8. | И таму ке има друм, и патот по него ке се нарече свет пат; нечистиот нема да оди по него; тој ке биде само за нив; оние што одат по тој пат, дури и неискусните - нема да се загубат. |
9. | Лав нема да има таму, и лута sверка нема да се качува по него; тој нема да се најде таму, и ке одат само откупените. |
10. | Kе се вратат избавените од Господа, ке дојдат на Сион со радосни извици; и вечна радост ке биде над нивната глава; тие ке најдат радост и веселба, а жалоста и воздишката ке се оддалечат. |
← Isaiah (35/66) → |