← Isaiah (34/66) → |
1. | Пристапете, народи; слушајте и внимавајте, племиња! Нека слуша земјата и се што ја исполнува, вселената и се што се ра а во неа! |
2. | Зашто гневот на Господа е врз сите народи, а јароста Негова врз целата нивна војска. Он ке ги уништи, ке ги предаде на погибел. |
3. | И нивните убиени ке бидат расфрлани, и од труповите нивни ке се крене смрдеа; по планините ке потече нивна крв. |
4. | И ке излезе сета небесна војска, и небото ке се свитка како книжен свиок; сета војска нивна ке падне, како што па а лист од лоза, како свенат лист - од смоква. |
5. | Зашто мечот Мој се опи на небото: ете, за суд слегува тај над Едом и над народот, за да биде казнет народот што го проколнав. |
6. | Мечот Господов ке се насити со крв, ке се здебели од маснотија, од јагнешка и козја крв, од маснотиите на овнешките бубрези: зашто Господ има жртва во Восор, и голем колеж во земјата Едомска. |
7. | И биволи ке паднат со нив и телиња заедно со волови, земјата ке се опие од крвта нивна, а правот нивни ке се здебели од маснотија. |
8. | Зашто настапи денот за одмазда Господова, годината на отплата за Сион. |
9. | И реките негови ке се претворат во катран, а правот негов - во сулфур; и земјата негова ке биде запален катран; |
10. | нема да гасне ни дење, ни ноке; и димот нејзин вечно ке излегува, од род во род ке остане запустена; засекогаш нема да мине никој по неа; |
11. | И ке ја завладеат пеликани и ежови, буфови и гаварни ке се населат во неа; и ке протегнат по неа јаже за разорување и мера за унишутвање. |
12. | Никој нема да остане таму од нејзините старешини, кои ке ги повикаат да бидат цареви; сите кнезови нејзини ке бидат уништени. |
13. | Дворците нејзини ке обраснат со трње, а тврдините нејзини - со коприва и пиреј; таа ке им биде живеалиште на шакалите, сврталиште на ноеви. |
14. | Sверови пустински ке се срекаваат со диви мечки, козли ке се повикуваат еден на друг; таму вештерки ке се одмараат и ке но аат спокојство. |
15. | Таму ке свие гнездо змија што лета, ке несе јајца, ке веде малечки и ке ги собира под сенката своја; таму и јастреби ке се собираат еден со друг. |
16. | Најдете во книгата Господова и прочитајте; ниедно од тие нема да одмине, едно со друго нема да се замени. Оти самата Негова уста заповеда, самиот дух Негов ке ги собере. |
17. | Зашто Он Самиот им фрли жреб, Неговата рака ке им ја раздели со мерка; засекогаш тие ке ја владеат, од род во род ке живеат во неа. |
← Isaiah (34/66) → |