← Isaiah (33/66) → |
1. | Тешко тебе, опустошителе, кој не си бил опустошуван; грабачу, што не си ограбуван! Кога ке го завршиш опустошувањето, ке бидеш опустошен и ти; кога ке прекратиш со грабежите, и тебе ке те ограбат. |
2. | Господи, помилуј не, на Тебе се надеваме! Биди наша мишка од рани зори и наше спасение во невоља! |
3. | Од страшниот глас Твој ке избегаат народите; кога ке се кренеш, ке се распрстан племињата, |
4. | ке го истребат пленот ваш, како што гасеница истребува; ке се нафрлат врз неа, како што скакулци се нафрлуваат. |
5. | Возвишен е Господ, Кој живее во висините; Он ке го исполни Сион со суд и правда. |
6. | Kе настанат твоите безопасни времиња, изобилно спасение, мудрост и знаење; стравот од Господа ке биде твоето богатство. |
7. | Ете, нивните јунаци викаат по улиците; пратениците за мир горко плачат. |
8. | Патиштата запустеа; патници веке нема; Он го наруши договорот, го разурна градот, - за ништо не ги смета лу ето. |
9. | Земјата тагува, се суши; Ливан е посрамен, овенат; Сарон заприлега на пустиња, а Васан и Кармил се оголени од лисјата свои. |
10. | Сега ке станам, вели Господ, сега ке се издигнам, сега ке се возвисам. |
11. | Сено сте зачнале, слама ке родите; дишењето ви е оган, кој ке ве голтне. |
12. | И народите ке бидат како вар, што врие, како пресечено трње ке бидат изгорени во оган. |
13. | Слушајте, вие, далечни, што ке направам; и вие, блиски, познајте ја Мојата мок. |
14. | Се уплашија грешниците на Сион; морници го обзедоа нечесните: "Кој од нас може да живее при оган што голта? Кој од нас може да живее при вечен пламен?" |
15. | Оној, што оди во правда и говори вистина; кој презира печалба преку угнетување, ги воздржува рацете свои од подароци, ги затина ушите за да не слуша за крвнина, и ги затвара очите да не го гледа злото, - |
16. | тој ке живее на висините: засолниште му се непристапните карпи; ке му се даде леб; водата негова нема да пресуши. |
17. | Очите твои ке го видат Царот во Неговата убавина, ке видат далечна земја; |
18. | само срцето твое ке си спомни за ужасите: "Каде е оној, што пребројуваше? Каде е оној, што го одмеруваше данокот? Каде е оној, што ги надгледуваше кулите?" |
19. | Нема повеке да видиш народ свиреп, народ со неразбирлив збор, со јазик ту , несфатлив. |
20. | Погледни го Сион, градот на вашите празнични собранија; очите твои ке го видат Ерусалим, мирно живеалиште и непоколеблива скинија; столбовите нејзини никогаш нема да се помрднат, и ниедно од јажињата нема да се скине. |
21. | Таму кај нас великот Господ ке биде место реки, место широко канали; таму нема да влезе ниедна ла а со весла, ниту ке премине голем кораб. |
22. | Зашто Господ е наш судија, Господ е наш законодавец, Господ е наш цар: Он ке не спаси. |
23. | Ослабнаа јажињата твои, не можат да ги додржат јарболите и да ги затегнат платната. Тогаш ке има голем дележ на пленот, така и сакатите ке тргнат по грабеж. |
24. | И ниеден од жителите нема да каже: "болен сум"; па на народот што живее таму ке му бидат простени гревовите. |
← Isaiah (33/66) → |