| ← Isaiah (32/66) → |
| 1. | Ете, царот ке царува по правда, а кнезовите ке управуваат по закон; |
| 2. | секој од нив ке биде како заштита од ветар и засолниште за лошо време, како водни извори во степи, како сенка од висока карпа во жедна земја. |
| 3. | И очите на оние што гледаат нема да бида закривани; ушите на оние што слушаат, ке внимаваат. |
| 4. | И срцето на лесномислените ке умее да расудува; оние што говорат на нос, ке говорат јасно. |
| 5. | Простакот нема повеке да го нарекуваат чесен, а за подмолниот нема да велат дека е честит. |
| 6. | Зашто простакот говори глупости и срцето негово мисли на беззаконие, за да дејствува лицемерно и да искажува хула проти Господа, да ја лишува од леб душата на гладниот и да го одзема пиењето од жедниот. |
| 7. | Кај подмолниот и средствата се погибелни: тој прави стапици, за да го погуби сиромавиот со лажливи зборови, макар што сиромавиот и да е прав. |
| 8. | А чесниот мисли на чесното и цврсто стои во се што е чесно. |
| 9. | Жени безгрижни, застанете, чујте го гласот мој; керки немирни, приклонете го увото кон зборовите Мои. |
| 10. | Уште една година и неколку дена, и ке се ужаснете вие, безгрижни! Гроздобер нема да има и време за жетва нема да настане. |
| 11. | Стреснете се вие, безгрижни! Ужаснете се вие, невнимателни! Соблечете се, оголете се и крстот препашете го. |
| 12. | Kе се бијат во гради за прекрасните полиња, за родната лоза. |
| 13. | Во земјата на народот Мој ке растат трња и боцки; така ке биде и во сите домови во градот што ликува; |
| 14. | зашто дворците ке бидат оставени, шумниот град ке биде напуштен; Офел и кулата ке станат место пештери - прибежеште на диви осли и на стада што пасат. |
| 15. | Додека не се излие врз нас Духот одозгора, и пустињата не стане градина, и градината не почнат да ја сметаат за шума. |
| 16. | Тогаш ке се воведе суд во таа пустиња, и правда ке преуспева во плодоносното поле. |
| 17. | Дело на правда ке биде мирот, и плод на правосудството - спокојство и безопасност засекогаш. |
| 18. | Тогаш народот Мој ке живее во мирни живеалишта и во безопасни села и во пребивалишта на блажените. |
| 19. | И град ке па а врз гората; градот ке слезе во долината. |
| 20. | Блажени сте вие, што сеете при сите води и што испракате таму и вол и осел. |
| ← Isaiah (32/66) → |