← Isaiah (3/66) → |
1. | Ете, Господ, Господ Саваот ке го одземе од Ерусалим и од Јуда жезалот и помошта, секоја поткрепа во леб и вода, |
2. | храбар водач и војник, судија и пророк, јасновидец и старец, |
3. | петдесетник и големец, советник, мудар уметник и вешт гатач. |
4. | Kе им дадам момчиња за началници, и деца ке владеат над нив. |
5. | а во народот еден ке угнетува друг, и секој својот ближен; момче бесрамно ке се прави голем пред старец и простак - пред големец. |
6. | Тогаш човек ке се фати за братот свој, во челадта на татка си свој и ке рече: "Ти имаш облека, биди ми водач, и овие урнатини нека бидат под твоја рака." |
7. | А тој со клетва ке рече: "Не можам да ги излекува раните на народот; и во мојата кука нема ни леб, ни облека: не правете ме водач на народот." |
8. | Така пропаднал Ерусалим, и падна Јуда, зашто јазикот нивни и делата нивни се против Господа, навредливи пред очите на Неговата слава. |
9. | Изразот на лицето нивно сведочи против нив, а за гревот свој тие кажуваат отворено, како содомците, не кријат: тешко на душата нивна! Сами на себеси навлекуваат зло. |
10. | Кажете му на праведникот: "Блазе му, зашто тој ке ги јаде плодовите на делата свои; |
11. | а на беззаконикот - тешко нему, оти ке има отплата за делата на рацете свои. |
12. | Притеснители на Мојот народ се децата, и жени вадеат над него. Народе Мој, твоите воедачи те доведуваат до заблуда и го растуриле патот, по кој одиш." |
13. | Се крена Господ на суд - и стои, за да им суди на народите. |
14. | Господ влегува во суд со старешините на Својот народ и со неговите кнезови: вие го опустошивте лозјето; ограбеното од сиромасите е во вашите куки. |
15. | "Зошто го притеснувате народот Мој и ги угнетувате сиромасите?" вели Господ, Господ Саваот. |
16. | Потоа рече Господ: "Поради тоа што керките сионски се гордеат и одат со исправени вратови, што освојуваат со погледите, и ситно одат и со веришки на нозете тропкаат." |
17. | Господ ке го оголи темето на керките сионски, и ке го открие срамот нивни; |
18. | во оној ден Господ ке ги одземе убавите веришки на нозете, секакви sвездички и месечинки, |
19. | обетки, ерданчиња и ладила, |
20. | превези, гривни и појаси, стакленца со мириси и уметнички украси, |
21. | прстење и алки за нос, |
22. | горна облека и долна, шамичиња и уметнички украси, |
23. | светли тенки наметки, забратки и покривала. |
24. | И наместо пријатен мирис ке има смрад и место појас - јаже, место кадрени коси - келави глави, неместо широка наметка - тесно врекиште, место убавина - жигосување. |
25. | Мажите твои ке паднат од меч, а јунаците твои во битка, |
26. | и портите на престолнината ке воздивнуваат и ке плачат, а таа ке седи напуштена на земјата. |
← Isaiah (3/66) → |