← Isaiah (29/66) → |
1. | Тешко му на Арил, на градот Арил, каде што живееше Давид! Притурете година врз година; нека колат жртви. |
2. | Но Јас ке го притеснам Арил; и ке има плач и тагување; тој ке остане при Мене како Арил. |
3. | Kе се сместам на логорување околу тебе и ке те стаснам со набљудувачка стража, ке подигнам против тебе тврдини. |
4. | И ке бидеш понизен, ке говориш како од под земја, и зборот твој ке биде глув како говор од под прав, и гласот твој ке биде како глас на оној што говори од стомак, и зборот твој ке се шепоти од под правот. |
5. | Многу твои непријатели ке бидат како ситен прав, а множеството угнетувачи - како развеана плева; и тоа ке стане ненадејно, во еден миг. |
6. | Господ Саваот ке те посети со гром и потрес, со силен глас, со бура и виор, со пламен од оган што голта се. |
7. | И како сон, како нокно видение во сон ке биде мноштво од сите народи, што војуваат против Арил, од сите, излезени против него и тврдините негови, и од оние, што го притесниле. |
8. | И како што гладен сонува, дека божем јаде, но се разбудува, и душата му е празна; и како што жеден сонува дека божем пие, но се разбудува, и ете се мачи, и душата му е жедна: истото ке стане и со множеството од сите народи, што војуваат против гората Сион. |
9. | Чудете се и восхитувајте се: тие ги ослепија другите, и сами ослепеа; тие се пијани, но не од вино, - се занесуваат, но не од сикер; |
10. | зашто Господ испрати врз вас дух на успивање и ги затвори вашите очи, о пророци, и ги сокри вашите глави, о јасновидци! |
11. | И секое пророштво за вас е она исто, што се зборовите во запечатената книга, што му ја даваат на оној, кој знае да чита книга, и велат: "Прочитај ја", а тој одговара: "не можам, зашто е запечатена." |
12. | И му ја даваат книгата на оној, кој не знае да чита, и велат: "Прочитај ја"; и тој одговара: "Не знам да читам." |
13. | И рече Господ: "Бидејки овој народ се приближува кон Мене со устата своја, и со јазикот свој Ме почитува, а срцето негово му останува далеку од Мене, и почитувањето нивно пред Мене е само научено човечко правило; |
14. | затоа, ете, Јас ке постапам пак необично со овој народ, чудно и чудесно, така што мудроста на мудреците негови ке загине, и разум во разумните нема да има. |
15. | Тешко на оние што мислат да се сокријат во длабочината, за да го скријат кроежот од Господа, кои ги вршат делата свои во мрак и велат: "кој ке не види, и кој ке не дознае"? |
16. | Каква неразумност? Можеме ли да го сметаме грнчарот за глина? Kе каже ли делото за оној што го направил: тој ме направи? И ке каже ли направеното за мајсторот свој: тој не разбира? |
17. | Уште малку, сосема малку, и Ливан нема ли да се претвори во градина, а градината нема ли да се претвори во гора? |
18. | И во тој ден глувите ке ги чујат зборовите од книгата, и очите на слепите ке прогледаат од темнината и мракот. |
19. | И оние што страдаат, се повеке и повеке ке се радуваат во Господа, а сиромасите и бедните лу е ке воскликнуваат во Светецот Израилев; |
20. | зашто нема повеке да има силник, хулител ке исчезне; а ке бидат истребени и сите што смислуваат зло, |
21. | кои го збркуваат човекот со зборови и му распнуваат мрежи на оној, кој бара суд кај портите и го отфрлаат правиот. |
22. | Затоа така вели Господ за Јакововиот дом, Оној, Кој го откупи Авраама: тогаш Јаков нема да биде во срам и лицето негово веке нема да побледува. |
23. | Зашто кога ке ги види околу себе децата свои, дело на Моите раце, тој свето ке го почита името Мое и свето ке го почитува Светецот Јаковов, со трепет ке стои пред Бога Израилев. |
24. | Тогаш оние што се со духот заблудени ке ја познаат мудроста, и непокорните ке се вразумат. |
← Isaiah (29/66) → |