← Isaiah (28/66) → |
1. | Тешко му на венецот, со кој се гордеат пијаниците Ефремови! Тешко му на свенатото цвеке - негов гиздав украс - цвеке среде на убрената долина на замаените од вино! |
2. | Ете, јакиот и силниот во Господа како пороен дожд со град, како погубна луња, како разлеана поплава од бурни води, со рака ке ги обори сите на земја. |
3. | Со нозе се гази венецот, со кој се гордеат Ефремовци. |
4. | И со свенатото цвеке - неговиот гиздав украс - цвеке среде на убрената долина, станува истото, како што станува со смоквата, рано узреана: штом некој ке ја види, веднаш ја зема в рака и ја каснува. |
5. | Во тој ден Господ Саваот ке биде убав венец и славна круна за остатокот од Својот народ. |
6. | Дух на правосудие за оној што седи во судот и машкот за оние, кои го отфрлуваат непријателот до портите. |
7. | Но и тие се нишаат од виното и го збркуваат патот свој од сикер: свештеник и пророк се препнуваат од силни пијалоци; победени се од вино, избезумени од сикер, во гледањето се збркуваат во судењето се сопнуваат. |
8. | Зашто сите трпези се полни со одвратни повракања, нема чисто место. |
9. | А велат: "Кого сака тој да учи на знаење, и кога да вразумува со проповед? Дали деца, кои се одбиени од градно млеко, одделени од мајчините гради? |
10. | Зашто се е заповед врз заповед, заповед врз заповед, правило врз правило, правило врз правило, тука малку и таму малку." |
11. | Оти со неразбирлив говор и на ту јазик ке му зборуваат на тој народ. |
12. | Им говореа: "Еве одмор, дајте му одмор на изморениот, и ете му одмор." Но тие не сакаа да слушаат. |
13. | И стана во нив според словото Господово: заповед врз заповед, заповед врз заповед, правило врз правило, правило врз правило, тука малку, таму малку, - така што тие ке отидат, ке паднат ничкум и ке се разбијат, ке паднат во стапица и ке бидат уловени. |
14. | И така, слушајте го словото Господово, хулители, управници на овој народ, кој е во Ерусалим. |
15. | Бидејки говорите: "Сме склучиле сојуз со смртта и со пеколот сме направиле договор: кога ке минува камшикот, кој поразува се, тој нема да дојде до нас, оти лагата ја направивме наше засолниште и со измама ке се прикриеме", - |
16. | затоа вака вели Господ Бог: "Ете, Јас полагам во основата на Сион камен, - камен испитан, аголен, скапоцен, темелен: кој верува во него, нема да се посрами. |
17. | Kе поставам суд за мерило и теразија за правдата; градот ке го истреби засолништето на лагата, и води ке го потопат местото на заклонот. |
18. | И сојузот ваш со смртта ке биде уништен, договорот ваш со пеколот нема да остане. Кога ке мине камшикот, кој поразува се, вие ке бидете згазени. |
19. | Штом ке мине тој, ке ве фати; а тој ке оди секое утро, дење и ноке и само слухот за него ке предизвикува ужас." |
20. | Многу кратка ке биде постелката, за да се протега; многу тесна и покривката, за да се завитка со неа. |
21. | Зашто Господ ке се крене, како на гората Ферасим; ке се разгневи, како во Гаваонската долина, за да го изврши делото Свое, необично дело, и да ја заврши работата Своја, Своја чудна работа. |
22. | И така, не потсмевајте се, за да не станат оковите ваши поцврсти; зашто јас чув од Господа, Бога Саваот, дека е одредено истребување за целата земја. |
23. | Приклонете го увото и полушајте го гласот мој; бидете внимателни, ислушајте ја речта моја. |
24. | Земјоделецот секогаш ли ора, за да посее, секогаш ли ора бразди и ја израмнува земјата своја? |
25. | Не, откако ке и го израмни лицето, тој сее граор, распрскува ким или фрла пченица, на редови и јачмен во определеното место, а најпосле ‘рж по сртовите. |
26. | И на таков ред го учи неговиот Бог; Он го упатува. |
27. | Зашто не вршат граор со чукање, ниту тркалата што вршат го газат кимот; туку со стап го чукаат граорот, и со стап го чукаат и кимот. |
28. | Житото го вршат, но не го дробат; пуштаат преку него вршечки колца со коњи, но не го смачкуваат. |
29. | И тоа станува од Господа Саваот: чудни се неговите судови, голема е Неговата премудрост! |
← Isaiah (28/66) → |