← Isaiah (27/66) → |
1. | Во тој ден Господ ке го порази со Својот тежок, со Својот голем и јак меч левијатанот - змејот што лета, а левијатанот - лукавиот змеј и ке го убие морското чудовиште. |
2. | "Во тој ден запејте за Него - за саканото лозје." |
3. | Јас, Господ, сум негов чувар, во секој миг го напојувам; ноке и дење го вардам, за да не влезе некој во него. |
4. | Гнев нема во Мене. Но ако некој Ми покаже во него трње и боцки, ке кренам против него војна, ке го изгорам сосема, - |
5. | освен, ако пребегне кон заштитата Моја и склучи мир со Мене. Тогаш нека склучи мир со Мене. |
6. | Во идните дни Јаков ке се вкорени; Израил ке пушти гранки и ке расцути; и вселената ке се исполни со плодови. |
7. | Така ли го поразуваше Он, како што ги поразуваше оние, кои него го поразуваа? Така ли ги убиваше, како што се убивани оние, кои него го убиваа? |
8. | Со мерка го казнуваше Ти, кога го отфрлаше; исфрли го со силниот Свој здив, како во ден на источен ветар. |
9. | И преку тоа ке се избрише беззаконието на Јакова; а плод од тоа ке биде: ке се симне гравот од него, кога сите камења од жртвениците ке ги претвори во грутка вар, нема повеке да стрчат млади шуми и идоли на сонцето. |
10. | Затоа утврдениот град ке запустее, живеалиштата ке бидат напуштени и зафрлени како пустиња. Таму ке пасе теленце, таму ке лежи и ке ги подјадува гранчињата негови. |
11. | Кога гранките ке му се исушат, ке ги искршат; ке дојдат жени и ке ги изгорат. Бидејки тој народ е неразумен, Творецот негов нема да го сожали, Создателот нема да го помилува. |
12. | Но во тој ден Господ ке растресе се од големата река до потокот Египетски, а вие, синовите Израилеви, ке бидете собрани еден до друг; |
13. | во тој ден ке затруби голема труба, и ке дојдат оние што се загубиле во Асирската земја и прокудените во Египетската земја и ке Му се поклонат на Господа на светата гора во Ерусалим. |
← Isaiah (27/66) → |