← Isaiah (26/66) → |
1. | Во тој ден ке биде испеана во земјата Јудина оваа песна: "Градот ни е јак, место sидини и опкопи Бог ни даде спасение. |
2. | Отворете ги портите; нека влезе праведниот народ, кој ја пази вистината. |
3. | Цврстиот по дух Ти го пазиш во совршен мир, зашто на Тебе се надева. |
4. | Недевајте се на Господа за секогаш, зашто Господ Бог е вечна тврдина; |
5. | Он ги собори оние, што живееја на високо; - градот, што стоеше виско го собори, го кутна на земја, го фрли во прав. |
6. | Нога го гази, нозете на сиромавиот, стапките на бедните. |
7. | Патот на праведниот е прав; Ти ја израмнуваш неговата патека. |
8. | На патот на Твоите судови, Господи, ние на Тебе се надеваме; душата наша се стремеше кон Твоето име и кон споменот за Тебе. |
9. | Со душата своја се стремевме кон Тебе ноке, и со духот свој ке Те бараме во внатрешноста своја од рани зори; зашто, кога Твоите пресуди се извршуваат на земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда. |
10. | Ако нечесен биде помилуван, тој нема да се научи на правда, - ке злодејствува во земјата на праведните и нема да погледне на величието Господово. |
11. | Господи! Раката Твоја беше високо крената, но тие не ја видоа; ке видат и ке се посрамат оние, што го мразат Твојот народ; оган ке ги голтне Твоите непријатели. |
12. | Господи! Ти ни даруваш мир, зашто и сите наши дела Ти ги уредуваш за нас. |
13. | Господи, Боже наш! Други господари, освен Тебе, владееле над нас; но само преку Тебе ние го славиме Твоето име. |
14. | Мртвите нема да оживеат; нивните сенки нема да станат, зашто Ти ги посети и истреби, го уништи секој спомен за нив. |
15. | Ти го намножи народот, Господи, го намножи народот. - Се прослави Себе Си, ги рашири сите земни граници. |
16. | Господи, бидејки во беда, тие Те бараа; изливаа тивки молитви, кога ги стигнуваше Твојата казна. |
17. | Како непразна жена, кога ке се ра а, се мачи, вика од болки, така бевме ние пред Тебе, Господи. |
18. | Бевме непразни, се мачевме, - и како да ра авме ветар; спасение не и достививме на земјата, и други жители во вселената не се појавија. |
19. | Твоите мртовци ке оживеат, мртвите тела ке воскреснат! Разбудете се и ликувајте вие, соборените во прав; зашто Твојата роса е роса на растенијата, и земјата ке ги исфрли мртовците. |
20. | Ајде народе Мој, влези во покоите свои и затвори ги зад себе вратите свои, сокри се за миг, додека да мине гневот; |
21. | зашто, ете, Господ излегува од Своето живеалиште да ги казни жителите земни за нивното беззаконие, и земјата ке ја открие голтнатата од неа крв и повеке нема да ги крие своите убиени." |
← Isaiah (26/66) → |