← Isaiah (25/66) → |
1. | Господи, Ти си Бог мој; ке Ти возвеличам, ке го восфалам името Твое, зашто си извршил премудри дела; определени во старо време и вистинити. Амин. |
2. | Ти го претвори градот во грамада од камења, цврстата тврдина - во урнатини; нема повеке во градот дворци на другоплеменици; никогаш нема да биде востановен. |
3. | Затоа ке Те прославуваат силните народи; градовите на страшните племиња ке се плашат од Тебе; |
4. | оти Ти беше прибежиште на сиромавиот, прибежиште на немокниот во тешко време за него, заштита од бура, сенка од припек; зашто гневното дишење на насилниците прилегаше на бура против карпа. |
5. | Ти го скроти бујствувањето на непријателите, како припек - во безводно место; веселбата на угнетувачите е задушена, како припек - сенка од облак. |
6. | И Господ Саваот ке стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати јадења од коски и најчисти вина; |
7. | врз таа планина ке ја уништи покривката, што ги покрива сите народи, покривка, која лежи врз сите племиња. |
8. | Смртта ке биде проголтана за секогаш, ке ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ке го симне срамот од Својот народ во целата земја, зашто така вели Господ. |
9. | И ке речат во тој ден: "Еве, Он е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Он не спаси! Он е Господ; Него Го чекавме; да се возрадуваме и развеселиме за спасението од Него! |
10. | Оти раката на Господа ке почива врз таа планина, и Моав ке биде прегазен на местото свое, како што се гази слама на буниште." |
11. | И макар што ги размавна среде него рацете Свои, како што ги размавнува оној што плива, но Бог ке ја понизи гордоста негова заедно со лукавството на рацете негови. |
12. | И ке ја собори, ке ја разруши тврдината со твоите високи sидишта, ке ја кутне на земја, во прав. |
← Isaiah (25/66) → |