← Isaiah (23/66) → |
1. | Пророштвото за Тир. - Плачете тарсиски кораби, зашто тој е разрушен: нема куки и нема кој да влегува во куките. Тоа им беше соопштено од земјата Китијска. |
2. | Молкнете жители на островот, што го полнеа сидонските трговци, пловејки по море. |
3. | По големи води се пренесуваат во него житата на Сихор, жетвата на големата река; тој беше пазариште на народите. |
4. | Засрами се, Сидоне: зашто, еве што вели морето, морската тврдина: како да не сум се мачела со родилни маки и да не сум ра ала, како да не сум одгледувала момци, ниту израснувала моми. |
5. | Кога ке стигне веста до Египјаните, тие ке затреперат што ке чујат за Тир. |
6. | Преселувајте се во Тарсис, плачете, жители на островот! |
7. | Тоа ли е вашиот град кој ликува, чиј почеток е од древните дни? Нозете негови го носат, да се скита далеку во ту ина. |
8. | Кој го одреди тоа за Тир, што раздаваше венци, чии купувачи беа кнезови, а трговците негови - најпрочуени во земјата? |
9. | Господ Саваот го одреди тоа, за да посрами секоја горда слава, за да ги понизи сите најпрочуени во земјата. |
10. | Оди по земјата своја, тарсиска керко, како реката: нема повеке пречки. |
11. | Он ја протегна раката врз морето, затресе царства; Господ додаде повелба за Ханан - да ги разруши тврдините негови, |
12. | и рече: "Нема повеке да ликуваш, посрамена девице, керко Сидонска, оди во Китин, но и таму нема да имаш мир. |
13. | Ете ја земјата на Халдејците. Тој народ постојано го немаше; Асур му стави почеток од пустински жители. Тие ги издигаа кулите свои, ги соборуваат дворците негови, го претвораат во урнатини. |
14. | Плачете, кораби тарсиски, зашто вашата тврдина е разрушена. |
15. | И во тој ден ке го заборават Тир за седумдесет години, колку се деновите на еден цар. А по седумдесет години ке се пее за Тир, како што се пее за блудница: |
16. | "Земи гитара, тргни по градот, блуднице заборавена! Свири убави, пеј многу песни за да се секаваат на тебе." |
17. | И ете, по седумдесет години Господ ке го посети Тир; и тој пак ке земе да ја добива печалбата своја и ке блудствува со сите земни царства по целата вселена. |
18. | Но трговијата негова и печалбата му ке бидат посветувани на Господа; нема да бидат затворени и натрупани во клетви, зашто печалбата од трговијата негова ке преминува на оние што живеат пред лицето на Господа, за да јадат до наситување и да имаат трајни облеки. |
← Isaiah (23/66) → |