← Isaiah (22/66) → |
1. | Пророштвото за долината на видението. - Што ти е, та цел си се искачил на покрив? |
2. | Шуми граде, кој се брануваш, граде, што ликуваш! Твоите убиени не се убиени од меч, ниту умреле во борба; |
3. | сите твои водачи бегаа заедно, но беа врзани од стрелците; сите што се најдени кај тебе врзани се заедно, колку и да бегаа далеку. |
4. | Затоа велам: оставете ме, горко ке плачам; не трудете се да ме утешувате, поради погибелта на керката од мојот народ. |
5. | Зашто е ден на вознемиреност, угнетување и збрка во долината на видението од Господа, Бог Саваот. Се соборуваат sидови, викањето стигнува до планината. |
6. | И Елам зеде јанxик: луке со коли, и јавачи. |
7. | И ете, најдобрите твои долини се полни со коли бојни, јавачите се наредија спроти портите, |
8. | па го симнуваат покривалото од Јудеја; и ти во тој ден ке погледнаш кон избраните домови во градот. |
9. | Гледајте, дека има многу пукнатини во sидиштата на Давидовиот град, па собравте вода во долниот рибник; |
10. | и се разрушија куките ерусалимски, за да се зацврстат sидините градски; |
11. | направивте ме у двата sида собиралиште за вода од старото езеро. А на Оној, Кој го направи тоа, не погледнавте, и не Го гледавте Оној, Кој одамна го одреди тоа. |
12. | Господ, Господ Саваот ве викаше на тој ден да плачете и да тагувате, да се истрижете и да се опашете во врекиште. |
13. | Но, ете, веселба и радост! Убиваат волови и колат овни; јадат месо, пијат вино и велат: "Да јадеме и да пиеме, зашто утре ке умреме!" |
14. | И ми откри во ушите Господ Саваот: "Нема да ви биде простена таа нечесност, додека не умрете," рече Господ, Господ Саваот. |
15. | Вака рече Господ, Господ Саваот: "Тргни, оди кај оној царедворец, при Севна, началникот на дворецот, и кажи му: |
16. | што имаш и кого имаш тука, па си правиш тука гробница? Тој си прави за себе гробница на височината, си прави живеалиште во карпата. |
17. | Ете, Господ ке те фрли далеку, како што фрла силен човек и ке те свитка како клопче, |
18. | откако ке те свитка во свиок, ке те фрли во широка земја; таму ке умреш ти, таму твоите прекрастни коли ке бидат за подбивање во домот на твојот господар." |
19. | Kе те турнат од твоето место и ке те симнат од твоето достоинство. |
20. | И во тој ден ке го повикам мојот слуга Елијаким, Хелкиевиот син, |
21. | ке го облечам со твојата облека и со твојот појас ке го препашам, та и власта твоја ке ја предадам во рацете негови; и тој ке биде отец на жителите ерусалимски и за домот Јудин. |
22. | И клучот на Давидовиот дом ке го ставам на рамењата негови; тој ке отвори, и никој нема да затвори; тој ке затвори и никој нема да отвори. |
23. | И ке го зацврстувам како клин на цврсто место, тој ке биде како славно седиште за домот на татка си. |
24. | И на него ке виси целата слава на татковиот му дом, на децата и внуците, на целата покукнина до последната свирка. |
25. | Во тој ден, вели Господ Саваот, ке се заниша зацврстениот на цврсто место клин, ке биде изваден и ке падне, ке се испокрши се, што виси на него, зашто Господ вели. |
← Isaiah (22/66) → |