← Isaiah (21/66) → |
1. | Пророштво за крајморската пустиња. - Како што бурите се носат во јужната страна, така доа а тоа од пустињата, од страшната земја. |
2. | Страшна глетка ми беше покажата: грабач граби, опустошител опустошува; оди Еламе, опседни Мидијо: на сите воздишки ке им ставам крај. |
3. | Од тоа бедрата ми треперат; маки ме обзедоа, како маки на родилка. Возбуден сум од тоа што слушам; вознемирен сум од ова што го гледам. |
4. | Срцето ми трепери: морници ме обземаат; радосната моја нок стана ужас за мене. |
5. | Готват трпеза, постилаат покривки, јадат, пијат. "Станувајте, кнезови, намачкајте ги штитовите!" |
6. | Зашто вака ми рече Господ: "Оди, одреди пазач; нека го јавува тој, она што го гледа. |
7. | И виде тој, дека доа аат по двајца јавачи на коњи, јавачи на осли, јавачи на камили; и претпазливо тој слушаше, со големо внимание, - |
8. | и почна да вика тој како лав: господаре мој: стоев на стража цел цен и на местото свое останував по цели ноки: |
9. | и ете, доа аат лу е, јавачи на коњи по двајца. Потоа извика и рече: падна, падна Вавилон, и сите идоли на боговите негови лежат скршени на земјата. |
10. | О, овршено жито на гумното мое! Она што го чув од Господа Саваот, Бога Израилев, тоа и ви го соопштив. |
11. | Пророштвото за Едом. - Ми викаат од Сеир: "Стражару, кое време е во нокта? Пазачу, кое време е ноква?" |
12. | Чуварот рече: "Наближува утрото, но и нокта. Ако упорно прашувате - прашувајте; свртете се и дојдете. |
13. | Пророштво за Арабија. - Во гората арабиска нокевајте, каравани дедански. |
14. | Жители на Темајската земја, носете вода да ги пречекате жедните; со леб пречекајте ги бегалците; |
15. | зашто тие бегаат од мечот, од гол меч, од затегнат лак и од жестокоста на војната." |
16. | Оти вака ми рече Господ: "Уште една година, еднаква на наемничката година, - и сета слава на Кидар ке исчезне, |
17. | кај храбрите синови на Кидар ке останат не многу лакови," така вели Господ, Бог Израилев. |
← Isaiah (21/66) → |